17 Декември, 2025
0.0576

Карлос Слим изгубил две милијарди евра во Европа

Објавено во: Свет 19 Декември, 2012 09:56

Добивај вести на Viber

Оваа година на европските пазари најбогатиот човек на светот, Мексиканецот Карлос Слим, загубил две милијарди евра поради намалена вредност на неговите инвестиции во двете најголеми европски телекомуникациски групации за 42 до 46 отсто.
Слим на купувањето на активите на холандската телекомуникациска групација “КПН“ и австриската “Телеком Австрија“ потрошил вкупно 3,95 милијарди евра.
Аналитичарите укажуваат дека тоа купување било инспирирано од желбата Слим да ја купи телекомуникациската актива која била поевтина бидејќи овој сектор бил отповарен со голема структура, економски и регулаторни проблеми.
Но, по неколку месеци од тој инвестиционен потфат, акциите на “Телеком Австрија“ потонале за 42 отсто, а на групацијата “КПН“ за 46 отсто, како последица на тоа компанијата на тој медиумски магнат загубила 1,8 милијарди евра.
-Никој не е идеален, дури ниту најбогатиот човек на светот. Тој може да ги врати своите инвестиции, но за тоа ќе бидат потребни многу години“, рекол аналитичар на компанијата “Бернстејн“, Робин Бјененсток.
Загубите на компанијата “Америка мовил“ на Слим од европските инвестиции се зголемени бидејќи акциите на “КПН“ ослабеле 15 отсто откако минатата недела таа холандска телекомуникациска компанија на аукција платила неочекувано висока цена од 1,4 милијарди евра за пристап на “4Г“ мрежата.
“КПН“ на крајот на минатата недела објавила дека мора да ја откаже исплатата на преостанатата дивиденда за 2012 година и да ги намали исплатите во 2013 година практично на нула.
Овие неуспешни инвестициони потфати може да се додадат на списокот на неуспеси на Карлос Слим, на кој веќе се најдоа “Глобал кросинг“ и “КомпУСА“.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави