Добивај вести на Viber
Здружението “Хуманост без Граници ” и Meѓународното училиште НОВА, се здружија заедно за да донесат насмевки и убави желби на дечињата во Детската Болница за белодробни заболувања “Козле”-Скопје.
Како дел од Кампањата “Мали Дела на Добрина” кое ја работи Здружението “Хуманост без Граници ” учениците од Meѓународното училиште НОВА изработија Homemade , рачно изработени картички со убави желби за побрзо оздравување, позитивни инспириративни мисли и охрабрувачки пораки. Картичките се изработени со пораки за побрзо оздравување на англиски, македонски и албански јазик.
Заедно, здужени, се потрудија на еден поинаков начин, на начин близок на нивнта возраст, преку слика, цртеж, мало внимание, да им ги пренесат искрените желби на дечињата кои моментално се сместени на Болничкото одделение во Детската Болница за белодробни заболувања “Козле”-Скопје.
Со голема љубов подготвиле преку 100 тина картички и им ги доставиле на малечките јунаци. „Нивните насмевки и насмевките на лицата на нивните родители се доволен мотив да продолжиме со мисијата да правиме Мали Дела на Добрина“, велат организаторите на оваа акција.