КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2025 17:58
Oткако премиерот Христијан Мицкоски вчера кажа дека со Вреди разговараат за промена на државниот грб, Билал Касами од БЕСА вели дека и химната треба да се менува.
Toj вели дека и албанскиот јазик треба да влезе во Уставот.
„Сакаме да го отсликаме новото време, а тоа е Македонија да биде дел од европското семејство. Ќе бевме подготвени да разговараме за пакет каде што секако ќе се разгледуваше грбот, прашањето за химната, но и прашањето за другите уставни измени поврзани со унапредувањето на албанските права или прашањето за несоодветното дефинирање на албанскиот јазик во Уставот, како јазик на 20 отсто“, Касами.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче изјави дека не гледа потреба од менување на грбот бидејќи ја одразува државата во целост, но исто така и јавно праша што доколку во овој пакет на преговори влегува и промената на химната и други барања за кои како што рече не би дале поддршка.
фото Фејсбук/Билал Касами
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




