18 Декември, 2025
0.1775

КАТАСТРОФАЛНА ДЕМОГРАФИЈА: Скоро сите поголеми градови се во негатива

Објавено во: Македонија 28 Мај, 2018 15:51

Добивај вести на Viber

Се намалува наталитетот во Македонија. 

Повеќето големи градови во земјава се влезени во негатива. 

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2018  година, во споредба со истиот период лани, е намален за 1.6 % и изнесува 5 255 живородени  деца.

Природниот прираст изнесува -177, што значи за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на  умрените лица.

1 614 деца се родени во Скопје,  189 во Битола, 144 во Велес, 179 во Гостивар,  89 во Кичево,  260 во Куманово, 128 во Охрид,  159 во Прилеп, 81 во Радовиш,  154 во Струга,  171 во Струмица,  255 во Тетово, 100 во Штип. Од друга страна само по 2 деца се родени во Лозово и Вевчани, 5 во Карбинци, и во Зрновци, по 6 во Дојран и Демир Капија. 

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2018 година бележи намалување од 11.4 % во споредба со истото  тримесечје од 2017 година и изнесува 5 432 лицa, а од нив 22 се умрени доенчиња. 

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 1.3 % во споредба со истиот период од  2017 година и изнесува 2 532 бракови.

Во ова тримесечје имало 520 разведените бракови.

За споредба бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 
2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 2.3% и изнесува 5 352 живородени  деца.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери