Катица Јанева: Пуч мора да продолжи, Кривичен да биде независен

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2016
Специјалната јавна обвинителка во интервју за МТВ посочи дека досега се преслушани само 12% од „бомбите“ и според нив се започнати предистражни или истражни постапки. Прашана дали има фаворизирање кон опозицијата бидејќи сите предмети се насочени против владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Јанева посочи дека истрагите се водат само според прислушкуваните разговори, а не по нарачка на Заев.
„Се надеваме дека Кривичниот суд ќе решава праведно и според закон, токму затоа и се нафативме на оваа работа. Засега кривичниот суд незаконски го одложи рочиштетот за предметот „Пуч“ за месец и половина што е премногу. Јавноста има право да го следи овој случај поради неговата сериозност и тежина и ние ќе постапуваме само врз база на факти и ќе се водиме според важечките закони, посочи Катица Јанева.
Во однос на тоа дали таа има докази за шпионажа и насилство врз највисоките државни органи, Јанева додаде дека ќе открие пред јавноста и медиумите откако судот ќе закаже ново рочиште за „Пуч“.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Демарш од Бугарија, но и осуди за палењето на бугарското знаме во Вевчани

Родилка од Дебар остана без матка, бубрег и без еден јајник по операција

Охриѓанец организирал веселба дома во време на пандемија

Градоначалникот Сашо Јанкоски најостро го осуди палењето на бугарското знаме во Вевчани

Од една до пет години затвор - оформен е предмет, толку му се заканува на лицето што го запали бугарското знаме

Задолжителното пензионирање до 64 години „заглавено“ во Собранието, граѓаните кои сакаат да продолжат револтирани што не смеат да поднесат барања
Апасиев вели дека Албанците ќе бидат 28,5 отсто на пописот
