Катимерини: Заев и Ципрас ќе потпишат договор
Објавено во: Македонија 15 Мај, 2018 10:36
- Според информациите, врз база на подготовката што беше направена, основно сценарио за разговорите на двајцата лидери ќе биде она на склучување еден меѓународен договор, што ќе треба да биде одобрен од парламентите на двете земји. Во овој текст, според информациите, ќе постои условеност, интеграцијата на ПЈРМ во НАТО да „се отклучи“ кога ќе се направи ревизија на Уставот на соседната земја и на овој начин ќе се гарантира ерга омнес. Постои сериозна веројатност двајцата премиери да се сретнат два пати, во среда вечер и во четврток наутро, објави „Катмерини“ во пресрет на средбата Зоран Заев - Алексис Ципрас во Софија на Самитот ЕУ - Западен Балкан.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, весникот пишува дека постои договор за 10 од 14 поглавја во „ниската политика“, односно во намерата на двете страни да имаат поголема соработка во економијата, во образованието и културата. Поглавја на кои, според „Катимерини“, нема да има влијание конечниот резултат од преговорите.
- Сепак остануваат нерешени ерга омнес, начинот на кој ќе се одобри договорот во ПЈРМ, особено уставната ревизија, државјанството и јазикот на соседната земја, додава новинарот во неговата денешна анализа.
„Катимерини“ во текстот ја пренесува и вчерашата изјава на македонскиот премиер за средбата со Ципрас во Софија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




