Кавадарци ќе се збратимува со дел од Измир, се бараат турски инвеститори
Објавено во: Економија 25 Февруари, 2013
Кавадарци ќе се збратимува со општината Кемал Паша од градот Измир. Вака одлучија советниците на денешната седница на општинскиот совет.
„Се работи за една од економски најразвиените општини во Измир со огромен број фабрики. Нашите турски партнери се расположени да ги разгледаат можностите за влез на нивни инвестиции во кавадаречката општина. Нашата соработка ќе биде на сите полиња, вклучувајќи ги тука и образованието, спортот и културата“, изјави претседателот на Советот, Илија Тренчев.
Денеска исто така беше усвоен предлогот со кој се регулира меѓуопштинската соработка на осум општините од Вардарскиот плански регион за зголемување на енергетската ефикасност, локалниот и регионалниот развој.