21 Декември, 2024
0.0282

Казнет уште еден телохранител на Гаши, овој пат за одењето по невеста

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Уште еден телохранител - полициски службеник кој го обезбедува претседателот на Собранието, Африм Гаши, е казнет дисциплински од Министерството за внатрешни работи, овој пат за фамозното одење по невеста на Косово, кога спикерот со својата делегација и придружба ја мина границата преку Блаце без да покаже документи.
Освен Н.Б, полициски службеник задолжен за безбедноста на Гаши, дисциплинска постапка е покрената за уште пет полициски службеници кај кои е утврдена одговорност. Според соопштението на министерството, Н.Б. ургирал кај граничните кабини да се пропушти официјалната и неофицијалната делегација на Гаши преку ред. Претходно МВР поднесе кривична пријава против С. С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание, за фамозното репетирање на пиштолот и заканите на скопскиот аеродром во инцидентот со косовската претседателка.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР го расчисти случајот од 17.08.2024 на граничниот премин „Долно Блаце“ при обезбедување на делегација на претседателот на Собранието, Африм Гаши, и по извршен увид во службените материјали, анализа на видео надзорот и извршени разговори со полициски службеници, поради сторена повреда на работниот ред и дисциплина утврдено во член 187 став 1 алинеја 10 од Законот за внатрешни работи, и член 210 став 1 алинеја 10 од Колективниот договор на МВР, од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе бидат изготвени предлози за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициските службеници Н.Р., М.С., А.Б., Б.А, Н.Б. и Б.С..

ОВККИПС констатира дека, откако делегацијата, во која како носител се јавува претседателот на Собранието, ја поминува државната граница на граничниот премин Долно Блаце на лентата за Излез бр. 1, по неа поминуваат шест цивилни возила, кои во меѓу просторот на граничните премини се приклучуваат на делегацијата, без да се изврши контрола на патниците и возилата, а во одреден временски интервал сите ленти за излез од државата се затворени, при што во тој период од страна на Н.Б. (полициски службеник од обезбедувањето на претседателот на Собранието) и Б.А. (полициски службеник од ПС за ГП Долно Блаце), се извлекува возило кое е заглавено во лентата за Излез бр.3 и истото се насочува кон Излез бр.1 и возилото ја поминува граничната линија без да се изврши контрола на патниците и возилото.

Утврдено е дека Н.Б. наместо да врши непосредно физичко обезбедување на претседателот на Собранието, врши дејствија на граничниот премин кај кабините за излез и царинските кабини, со кои овозможува цивилни возила да се приклучат кон делегацијата, како и да се даде приоритет цивилно возило да ја помине државната граница. Со наведените дејствија Н.Б. сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 и 4 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 и 4 од Колективниот договор на МВР. Исто така и Б.А. сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 и 4 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 и 4 од Колективниот договор на МВР.

Во однос на утврдување на неправилности во конкретниот настан, наместо да бидат преземени соодветни мерки од страна на главен инспектор М.С. во содејство со началникот на РЦ за ГР Север Н.Р., согласно дотогашните констатирани пропусти, не се преземени соодветни мерки туку е испратен акт со кој се задолжува командирот на ПС за ГП Долно Блаце да го доиспита целосно случајот и да преземе соодветни мерки. Со наведените дејствија М.С. сторила потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 од Колективниот договор на МВР. Исто така, Н.Р., началник на РЦ за ГР Север сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 од Колективниот договор на МВР. Согласно описот и пописот на работните места, началникот на РЦ за ГР покрај другото, раководи, планира, ја организира и контролира работата на Регионалниот центар.

Патните исправи на претседателот на Собранието и членовите на неговото семејство, како и другите припадници на МВР кои требало да патуваат во странство, биле навремено доставени до раководителот на смена А.Б. заради соодветно евидентирање, но тоа не е сторено, односно лицата не се евидентирани. Согласно описот и пописот на работни места, меѓу другото, раководителот на смена во Регионален центар за гранични работи, ја организира работата на службите по време и место, ги одредува приоритетите во работењето, се грижи за вршењето на квалитетна пасошка и друг вид контрола, врши контрола во работењето на полициските службеници и дежурната служба во полициската станица и непосредно е одговорен за нивната работа, координира и учествува во извршувањето на мерките и задачите кои се однесуваат на оперативното работење. Во конкретниот случај А.Б. постапил спротивно на чл. 8 (на граничниот премин, сите сервисни информации и секоја друга особено важна информација се регистрираат рачно или електронски во дневникот за настани) с.2 (Информацијата од став 1 на овој член ги содржи следните податоци) т.2 (секое пропуштање во режимот на гранични проверки) од Правилникот за начинот на извршување на граничните проверки и граничен надзор со што сторил потешка повреда на работниот ред и дисциплина утврдена со член 187 став 1 алинеја 3 и 10 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 и 10 од Колективниот договор на МВР.

За Б.С. е утврдено дека тој, како одговорен за обезбедување во планот за зајакнати мерки и активности од втор степен по повод делегација предводена од претседателот на Собранието,

согласно планот, кој тој го изготвил и од истиот има обврска да презема мерки, не е на работа и не бил предвиден да биде на работа за време на поминувањето на делегацијата, при што од самото тоа произлегува дека планот е изготвен површно и несовесно. Со наведените дејствија сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина предвидена во член 187 став 1 алинеја 3 од Законот за внатрешни работи и член 210 став 1 алинеја 3 од Колективниот договор на МВР.“, информира МВР.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ ГИ ПРАША ГРАЃАНИТЕ КАКО ДА СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ НА КИСЕЛА ВОДА - „фрчеа“ идеи, еве што тие му предложија

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ ГИ ПРАША ГРАЃАНИТЕ КАКО ДА СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ НА КИСЕЛА ВОДА - „фрчеа“ идеи, еве што тие му предложија