Добивај вести на Viber
Казни од 300-500 евра ќе им се изрекуваат на лица кои неовластено пукаат од огнено оружје и употребауваат пиротехнички средства. За лицата пак што прават огномети без мерки за безбедност, казните се движат од 100 до 400 евра.
Во пресрет на Новата година полицијата апелира до граѓаните да се воздржат од пукање петарди и пиротехнички средства, како и од употреба на оружје. Најавуваат зачестени контроли и казни за прекршителите.
Надлежните предупредуваат и на опасностите од возење во алкохолизирана состојба и апелираат до граѓаните да ги почитуваат ообраќајните правила.