КИА се најде на 6-то место меѓу 32 автомобилски произведувачи
Објавено во: Мои пари 01 Јули, 2014 16:16
Најновата студија на светски познатата компанија J.D.Power за почетниот квалитет (J.D. Power 2014 Initial Quality Study) моделите на Киа Sportage и Cadenza во САД ги рангираше на врвот на својата класа.
Освен тоа Киа се искачи за 4 места во однос на минатогодишните резултати на IQS рангирањето и сега е на 6 место во САД меѓу 32 автомобилски брендови. Новиот Sportage се пласираше на 1 место во класата на малите СУВ теренци а веќе втора година по ред, додека Cadenza во својата прва година од постоењето во САД се „вивна“ кон највисокото место во престижната категорија на големите лимузини.
„Резултатите на J.D. Power IQS студијата сведочат за долгогодишната стратегија на Киа насочена кон квалитет, зајакнување на нашата марка и подборување на сопственото искуство“, рече за резултатите John Crowe, потпреседател на сервисните и поспродажни операции во Киа Моторс Америка и додаде: Sportage и Cadenza се вистински примери за напредокот на Киа game моделите на подрачјето на дизјанот, перформансите, префинетоста и вредноста.“
Покрај највисоките пласмани на Киа во историјата и Sportage-овиот друг наслов по ред Cadenza постигна втор најдобар резултат во историјата на Киа. Годишниот извештај анализира одзиви на дури 86.118 странки во САД и се однесува на 239 возила, кои се распоредени во 23 класи.
Возилата се оценувани врз основа на возачкото искуство, преформансите на моторот и менувачот, и широкиот распон помеѓу проблемите поврзани со квалитетот на возилото, а кои ги пријавиле нивните сопственици.
И.Р
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави





