20 Декември, 2025
0.0667

Кипар се договара со кредиторите, следуваат тешки времиња!

Објавено во: Свет 02 Април, 2013 21:19

Добивај вести на Viber

Кипар и меѓународната кредиторска тројка(ЕУ, ММФ и ЕЦБ) ги усогласија параметрите на кредитниот договор за поддршка на економијата на земјата, изјави портпаролот на кипарската влада Христос Стилијанидис, пренесе РИА Новости. „Усогласени се ставовите. Ова е важен настан ", рече Стилијанидис за кипарските телевизии. Претходно министерот за финансии на земјата, Михалис Сарис соопштил дека Кипар ќе ја добие првата транша од кредитите во мај. Директорот на одделот за внатрешна ревизија во централната банка Јангос Димитриу, објави дека договорот вклучува можност за одмрзнување уште денеска на 10% од средствата на големите штедачи во Кипарската Банка, пренесе ИТАР-ТАСС. Според него, средбата на претседателот на централната банка Паникос Димитриадис и Сарис со претставниците на ЕУ, ММФ и ЕЦБ била завршена рано утринава. Кипарските претставници бараат ослободување на 40% од замрзнатите средства, но добиле категорично НЕ од "тројката". Кипар ќе добие кредит од 10 милијарди евра за период од 20 години со грејс период од 10 години при годишна камата од 2,5-2,7%, соопшти кипарската телевизија Сигма. Првата транша од кредитот се очекува во мај, по што средствата ќе стигнуваат на Кипар на секои три месеци до 2016-та година Рокот за постигнување на пропишаната цел според во меморандумот, односно намалувањето на буџетскиот суфицит, треба да се постигне до 2018 година Според условите на договорот "тројката" ќе ги проверува на секои 3 месеци буџетските приходи и расходи. Банките на удар Договорените мерки за преструктуирање на двете најголеми кипарски банки Банката на Кипар и Кипарската Народна Банка( Laiki), што беше поставено како услов за доделување на спасувачката помош во вредност од 10 милијарди евра, вклучуваат отпишувањето на 60% од износите на депозитите над 100 000 евра, а останатите 40% ќе бидат замрзнати за подобри времиња. Освен тоа, депозитите до 100 000 евра во Кипарската Народна Банка и сите нејзини обврски и активности се префрлени во Банката на Кипар. Потоа Кипарската Народна Банка(Laiki)ќе биде ликвидирана, а  загубите за штедачите со депозити во вредност над 100 000 евра можат да достигнат и до 80%. Што се случува со берзата? РИА Новости исто така, објави дека трговијата со акциите на двете банки на кипарската берза ќе биде запрена за десет работни дена, т.е. до 15 април. Берзата ја обнови работата денес, откако беше затворена во средината на март. Одлуката за прекин на тргувањето со акциите е донесена од страна на раководството на банката од каде посочија дека тоа било неопходно за да се обезбеди нормално функционирање на пазарот и да се заштитат инвеститорите. Според оценките на експертите, реструктуирањето на двете најголеми банки во земјата ќе доведе до намалување на нејзината економија оваа година за најмалку 9%. Падна министерот за финансии Во меѓувреме стана јасно дека претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис извршил промени во владата, а на местото на Михалис Сарис кој беше министер за финансии, назначен е Харис Георгиадис. Сарис веќе беше министер за финансии во периодот 2005-2008 година и беше меѓу оние кои го подготвија влезот на земјата во еврозоната во 2008 година. 67-годишниот сега веќе поранешен министер има силни врски во Европа и САД, каде што со години работел како економист во Светската банка.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја