Кирацовски: Обвинителството да го повика секој кој има фотографија со Јанева
Објавено во: Македонија 03 Септември, 2019 11:57
Александар Кирацовски, пратеникот на СДСМ, го повика обвинителството, кое води истрага за случајот „Рекет“, да го повика секој на распит од кого е објавена фотографија со специјалната обвинителка Катица Јанева.
Поранешниот генерален секретар на владеачката партија смета дека на тој начин ќе се неутрализираат сите шпекулации и лажни вести, односно гласини кои поттикнуваат сомнеж во евентуална пасивност во истрагата.
„Очигледно, истрагата околу случајот „Рекет“ се одвива длабински, сеопфатно и транспарентно. Овој процес ќе ја потврди вистината и ќе ја сузбие лагата и шпекулациите. Криминалците ќе бидат изведени пред лицето на правдата, одговарајќи за стореното. Но, кон овој случај, неопходно е Обвинителството да пристапи и низ општественото огледало кое претежно го креираат политичките напади и инсинуации, лажните вести и конструкциите. Не смее да остави дамка врз процесот оставајќи разно-разни шпекулации да кружат во јавноста, независно дали се политичка реторика или чаршиски муабети. Пример, тоа може да го стори единствено ако го повика секој, кој има макар и една слика со било кој од обвинетите, да го провери контекстот и да ги расчисти дилемите во јавноста“, напиша Кирацовски на својот профил на Фејсбук.
И самиот вели дека таквата политика на работа изгледа непотребно, но ќе даде позитивен ефект, како што вели тој, на страната на вистината.
„Можеби е илузорно и непотребно, но ќе го намали просторот за инсинуации и неосновани сомнежи. Тоа доаѓа како „стружење на кариес од заб“, бегла црна точка која доколку не се санира навреме, прави штета по време. Во секој случај, овој скандал е доказ дека правната држава функционира и е шанса преку истиот да се врати довербата во институциите и правосудниот систем“, смета тој.
Можеби ќе ве интересира
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир




