Кисела Вода ќе добие свој Веро Супермаркет
Објавено во: Мои пари 10 Април, 2014 14:14
Веро 10, се наоѓа на една од најфреквентните улици во Скопје, низ која поминуваат голем дел од граѓаните на Скопје, одејќи на работа и враќајќи се дома, со што им е овозможено попатно да си ги завршат своите куповни потреби, а во Веро 10 ќе имаат голем избор од најдобар квалитет, соопштуваат од компанијата.
„Долг период на време чувствувавме потреба да отвориме супермаркет во овој дел од градот, и отворањето на 10-иот Веро Супермаркет за нас претставува голем успех и доказ дека работите одат по нагорна линија. За 17 години успеавме да создадеме лојални потрошувачи и да воспоставиме со нив искрени релации што е и главниот клуч на позитивниот развој кој го бележиме. Кога сите неопходности беа направени, и беше избрана вистинската локација го реализиравме и овој голем чекор каде уште еднаш на нашите ценeти купувачи, посебно од овој дел од Скопје ќе можеме да им понудиме услуги и квалитет по стандардите на Веро“, изјави Костас Теодосијадис, генерален менаџер на Веро.Првиот Веро Супер маркет беше за прв пат отворен во Скопје прeд 17 години и од тогаш до денес овој ланец на супермаркети успешно ја гради својата приказна постојано инвестирајќи во нови малопродажни објекти каде на своите потрошувачи им нуди врвен квалитет, избор и задоволство при пазарувањето. Веро, заедно со својот тим од над 900 вработени низ земјава, и понатаму ќе настојува да ја спроведува својата стратегијата - најдобар избор, најдобри цени и најдобра услуга, водејќи се со мотото ‘’Купувачот е нашиот шеф’’.
Можеби ќе ве интересира
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




