ЌЕ ИМА ЛИ ДОГОВОР ЗА ВЛАДА: СДСМ и ДУИ на средба на неутрален терен?
Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2017
ТВ 21 јави дека претставници од СДСМ и ДУИ денес се среќаваат на разговори за евентуално формирање заедничка влада.
Во име на СДСМ на средбата ќе бидат присутни Радмила Шеќеринска, Рената Дескоска и Оливер Спасовски додека ДУИ ќе го претставуваат зет Меџити, Теута Арифи и Невзат Бејта.
Камерата на ТВ21 сними како делегацијата од ДУИ влегува во хотелот Холидеј Ин во Скопје, што значи дека средбата се одржува на неутрален терен.