ЌЕ ИМА ЛИ РАЗВРСКА ЗА 27 АПРИЛ: Ќе им се суди Јанакиески, Ристовски, Атанасовски и Велјановски
Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2020 12:40
На Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски наскоро ќе им се суди, одобрено обвинението за „27 април“ . Оваа информација следи откако е одобрен обвинителниот акт за настаните во Собранието од 27 април од страна на Основниот кривичен суд Скопје.
– Заради интерес на медиумите, ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителен акт надлежен да постапува по обвинителниот акт КО бр 21/19 поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РМ, по одржана јавна седница како и ценење на фактите и доказите во истиот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.
По веќе оценетиот обвинителен акт, како што велат од Судот, формиран е кривично- правен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија на понатамошно постапување за што странките и јавноста ќе бидат дополнително информирани.
Обвинението се однесува за организирање на настаните во Собранието на 27 април 2017 година, а осомничени се поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјановски и екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




