19 Декември, 2025
0.1579

ЌЕ ИМА ЛИ УШТЕ ЕДНА ЖЕСТОКА РАСПРАВА: Груевски денеска на суд за нарачаните шамари

Објавено во: Македонија 10 Март, 2017 09:39

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска треба да се појави на суд за случајот со насилството во Центар кој го води специјалното јавно обвинителство.

Минатото рочиште заврши доста напнато и со казни од по 2000 евра за специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи поради како што истакнаа од судскиот совет поради непочитување на судот .

Ова ќе биде трето судење а во овој случај осомничени се Никола Груевски, Миле Јанакиевски, Даниела Рангелова и други членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Првата и втората расправа беша доста жестоки . На првото судење обвинителката Фатиме Фетаи беше обвинета за терминологијата на осомничени и обвинети од судијката Михајлова, а Фатиме на тоа возврати дека таа си ги брани своите права, и дека очекувала главна расправа како што стоело во судската покана, а не дека ќе се одржи прелиминарно рочиште за техничко оценување на доказите. 

Жесток вербален судир имаше и на втората расправа на која како што споменавме обвинителките беа казнети со по 2 000 евра. (Обвинителката Фетаи, откако не ѝ беше даден збор од Михајлова, стана и ѝ рече дека не е дојдена во судот за да види колку е убава, а потоа ја обвини Михајлова дека направила фалсификат со записникот од претходното рочиште).

Според ова обвинение, првообвинетиот Груевски со умисла побарал, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да извршат грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и врз членови на Советот на општината.

Имено, судијката која го водеше овој случај пред три дена си поднесе оставка од функцијата в.д. претседател, меѓутоа Михајлова ќе го води случајот се додека не се изберен нов претседател на судот.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината