16 Декември, 2025
0.0837

ЌЕ ЈА ФИНАНСИРААТ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД „ВРЕДИ“: Почнува со реализација Албанската академија на науки

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2024 15:15

Добивај вести на Viber

Oд „Вреди“ велат дека основањето на Албанската академија на науки е при крај. 

Неа ќе ја финансираат општините чии градоначалници се од редовите на коалицијата „Вреди“.  Градоначалниците на коалицијата заедно со претседателите на општинските совети и академици денеска во Тетово одржаа работна средба на тема годишно финансирање на проекти од суштинско значење за унапредување на интелектуалната и научната мисла на Албанците. Поводот за денешната средба, како што е наведено во партиското соопштение, е динамизирање на реализацијата на научниот проект за формирање на Албанската академија на науките и уметностите.

„Неопходноста за создавање на Албанската академија е инертноста на МАНУ за реформи кои треба да ја одразуваат фактичката состојба, а не се случуваат веќе 57 години. Овој исклучиво научен проект на „Вреди“ нема за цел да предизвикува етнички тензии ниту паралелизам во државната образовна номенклатура, туку да изградиме уште една научна установа која ќе ја обедини автентичната албанска мисла во заеднички и рамномерен општествен развој. Овој проект ја рефлектира нашата визија за зајакнување на националниот идентитет на Албанците во најстратешките области – науката и уметноста. Академијата, со седиште во Тетово, ќе создаде нови можности за албанските истражувачи и уметници да придонесуваат со квалитетни истражувања и да го зачуваат нашето културно наследство. Убедени сме дека оваа иницијатива ќе биде поттик за квалитетно образование и развој на една силна интелектуална заедница“, се вели во соопштението.

Првите чекори за финансирање на Академијата веќе се преземени со помош на општините со кои раководат кадри на „Вреди“.

„Силно веруваме дека Албанската академија за наука и уметност ќе одигра клучна улога во зајакнувањето на нашиот национален идентитет и во зголемувањето на нашиот меѓународен придонес во областа на науката и уметноста. Како коалиција Вреди, покажавме дека сме тука за да донесеме реални промени и реформи. Преку овој проект, не создаваме само нова институција, туку и нова иднина за сите млади интелектуалци Албанци. Нашата посветеност како коалиција Вреди е максимална, и заедно ќе го туркаме овој проект напред со сериозноста што ја заслужува. Ова е важен чекор кон иднина каде науката, уметноста и слободната мисла ќе бидат столбови на нашиот национален развој“, соопшти Вреди.

Инаку, во кампањата пред изборите, ова беше едно од ветувањата. Плус, имаше ветување за основање на Албанска банка. 

Неодамна, Билал Касами од БЕСА кажа дека и парите во земјава ќе бидат двојазични. 

Од МАНУ летово кажаа дека во државите во регионот и пошироко има само по една Академија на науките и уметностите. 

И од Левица реагираа дека во ниту една унитарна држава нема две академии на науки. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење