Ќе му го земе ли Милошоски потпретседателското место на разрешениот Митко Јанчев?
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2018 10:23
Имун на донеодамнешните разрешувања во опозициската партија не остана ниту кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, а медиумите брифираат кој би можел да го наследи на потпретседателската функција во ВМРО ДПМНЕ.
Лидерот Мицкоски му ги одезе сите партиски фунцкии и го исклучи Јанчев заедно со пратениците кои гласаа „ЗА“ уставни измени согласно договорот од Грција а тој пак неодамна му порача на челникот на партијата дека ќе му го земе местото.
„Не сум излезен од партијата, не може мене Мицкоски да ми понуди да се вратам, бидејќи имам намера јас да ја водам партијата“, ова за 1ТВ го изјави поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев на прашањето кое се провлекува низ јавноста – дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски му понудил да се врати назад и да биде член на ИК.
Во јавноста пак се шпекулира дека токму Антонијо Милошоски би можел да седне на фотелјата на Јанчев.
„Се калкулира дека поранешниот министер има големо искуство во политиката, добро ја познава пратеничката практика и процедура, а како предност му се зема и тоа што прв од вмровската група јасно и без двоумење се изјасни дека ќе го бојкотира референдумот, пренесува „Независен“ додавајќи дека Милошоски одбил да коментира дали ќе биде трет потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Александар Николоски и со Владо Мисајловски.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




