29 Април, 2024
0.0254

ЌЕ НЕМА ВЕЌЕ ПРЕМОЛЧУВАЊЕ НА ПРОМЕНИ ВО СОПСТВЕНОСТА - се кројат нови правила за системски значајните играчи, ЕДЕН ОД НИВ ЌЕ БИДЕ И БЕРЗАТА

Објавено во: Финансии 24 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Законот за финансиска стабилност веќе е во сила, а согласно со него Комисијата за хартии од вредност ќе утврди кои играчи на пазарот на капитал ќе мора да бидат многу потранспарентни отколку досега.

Оваа информација за Фактор ја потврдија и од Комисијата за хартии од вредност на земјава.

Овие нови прописи и критериуми ќе доведат до тоа во државава да се одреди кои се системски значајни играчи на пазарот на капитал, со што тие ќе мораат да ја зголемат својата транспарентност. Еден од тие системски значајни играчи ќе биде и Македонската берза, која исто така ќе мора да ја засили својата отчетност пред инвеститорската јавност.

Инаку, оваа информација Фактор ја доби од Комисијата за хартии од вредност, откако кај нив се интересиравме како го коментираат последното случување со зголемувањето на уделот на Загребската берза во Македонската, до 28,98 отсто, а за кој домашните инвеститори дознаа преку објава на Загребската берза, која, пак, не беше споделена и на веб страницата на нашата берза. 

„Комисијата за хартии од вредност, согласно Законот за финансиска стабилност што се применува од почетокот на овој месец, веќе работи на утврдување на критериумите за тоа кои од овластените учесници на пазарот на капитал ќе станат системски значајни институции за овој сегмент од финансискиот систем.

Оттука, новиот макропрудентен мандат на Комисијата врз системските значајни институции ќе има влијание и во новата законска регулатива за пазарот на капитал што  е во финална фаза. Се очекува дека прашањата поврзани со севкупната транспарентност на пазарните учесници, вклучително и на Македонската берза ќе биде уредена согласно европските директиви“, се вели во одговорот кој Фактор го доби од Комисијата за хартии од вредност. 

Инаку, откако Фактор го објави текстот во кој информираме дека Загребската берза докупи удел во Македонската и дека сега е сопственик на 29,98 отсто од капиталот, а го поставивме прашањето зошто за тоа официјалнио не извести нашата берза, од Македонската берза беа децидни дека ги испочитувале сите правни прописи согласно важечката регулаива за објавување на промени во нејзината сопственичка структура.

Еве на што укажаа од Македонската берза.

„Објавувањето во јавноста за промените во сопственичката структура на акционерските друштва е регулирано со правни прописи коишто се разликуваат во зависност од законската регулатива во секоја држава и во зависност од видот на акционерските друштва (котирани, некотирани, јавнопоседувани, отворени, затворени итн). Правните режими и обврски за објавување на промените во сопственичката структура на акционерските друштва се разликуваат од тоа дали станува збор за инвеститорите (купувачи или продавачи на акции) или издавачите ( друштвата кои ги издале акциите). Во конкретниов случај којшто го обработувате во Вашиот текст, Македонска берза АД Скопје ги има испочитувано сите правни прописи согласно важечката регулатива за објавување на промени во нејзината сопственичка структура, како во јавноста, така и спрема надлежните регулаторни институции“, нагласија од Македонската берза.

Инаку, како што веќе објави Фактор, Загрепската берза (ЗСЕ) се стекна со дополнителен удел во Македонската берза (МСЕ), со што го зголеми сопственичкиот удел на 29,98 отсто.

Оваа информација на 18 вгуст била објавена на веб страната на Загребската берза.

Како што стои во официјлната објава на нивната веб страница, првиот удел Загрепската берза го купила на крајот на 2019 година.

„Тоа беше второ стекнување на удел во регионална берза од страна на Загрепската берза, откако ЗСЕ се здоби со 100 отсто сопственост на Љубљанската берза во 2015 година, преземајќи ја од Виенската берза“, се вели во соопштението од Загребската берза објавено на нивната веб страница.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?