ЌЕ ПРАВИМЕ ЛИ СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Еве какво време ќе имаме за празничниот викенд
Објавено во: Македонија 26 Април, 2023
Во раните утрински часови од денешниот ден, како претпладне од запад во Македонија ќе се прошират ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, услови за појава на грмежи, засилување на ветер и услови за појава на ситен град.
Поради продор на постуден воздух од север, утре ќе започне да дува ЗАСИЛЕН северен ветер, особено изразен Долж Повардарието. Сето ова ќе услови во западните и во северозападните планински предели со надморска височина од над 1400 м.н.в врнежите од дожд да преминат во врнежи од СНЕГ, токму на овие места ќе дојде до формирање на нова снежна покривка.
Утре попладне врнежите полека ќе ја напуштаат нашата територија и ќе се преместуваат кон југоисток.
Во Скопје и околината исто така очекуваме врнежливо време, меѓутоа утре попладне и навечер врнежите ќе престануваат.
Од четврток до сабота времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу повеќе сонце, меѓутоа наутро ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и температурите локално ќе се спуштаат до околу, а на повисоките места и под нулата, со што ќе има услови за појава на МРАЗ.
Максималните дневни температури пак ќе бидат потпросечни за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.
Барем одсега гледано, за први и втори мај очекуваме нестабилно време со локална појава на врнежи и грмежи, особено во попладневните часови. Инаку и во првата седмица од мај ќе имаме потпросечни темпратури на воздухот, што значи ќе биде ПОСТУДЕНО од вообичаеното. Засега долготрајна и вистинска пролет нема на видик.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.