16 Декември, 2025
0.1208

Ќе се бришат каматите на долговите за сите граѓани

Објавено во: Економија 28 Јануари, 2021 19:54

Добивај вести на Viber

Бришење на каматите на долговите за сите граѓани, помош за сиромашните, во угостителството, транспортот, туризмот, на тутунарите, медиумите, е предвидено со петтиот сет мерки. 

Премиерот Зоран Заев во попладневниот дел од дебатата на седницата во Парламентот за пратенички прашања соопшти на што се планира да се однесува петтиот пакет економски мерки.

„Мерките се структурирани како мерки кон граѓаните, мерки кон работниците односно стопанството и мерки кон сиромашните, па потоа се таргетирани категории коишто се директно најпогодени. Има размислување да се помогне на сите граѓани. Мерката е да ги избришеме сите камати по долгови, коишто граѓаните ги имаат кон државните и општинските институции, за долгови кои се постари од три месеци, под услов да си го регулираат на 12 рати долгот којшто го имаат. Тоа значи за вода, за парно, даноци кон државата, кон станбените претпријатија, кон водостопанските претпријатија. Целта ни е, не веднаш да го платат долгот, не можат веднаш, туку на 12 рати да склучат договори, но да ги избришеме комплетно каматите и со тоа да им олесниме. Имаме многу јавни претпријатија, државни и општински, коишто не може да ги наплатат и редовните сметки, заради тоа што ги книжат граѓаните како должници, а граѓаните не може и стари и нови сметки да плаќаат. Оттука намерата е да ги избришеме сите камати за долговите коишто се за физички лица, за граѓаните кои допираат до државните и општинските институции. Со законско решение тоа е можно“, рече премиерот Заев.

Тој оцени дека досегашните 4 пакети економски мерки дадоа ефикасни резултати и дека ќе се продолжи со помошта кон најсиромашните.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи