19 Декември, 2025
0.0566

Ќе се сончаме летово на плажа или плановите ќе пропаднат?

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Април, 2020 06:51

Добивај вести на Viber

Поради епидемијата на коронавирусот, неизвесно е како ќе помине летово и дали граѓаните ќе можат да заминат на одмор надвор од земјата.

До 1 јули нема да има реализација на аранжмани преку агенциите, а за понатаму не се знае.

Но, дури и да се отворат границите, граѓаните ќе имаат одредена доза на резерва и нема да можат слободно да патуваат како претходно.

Но, состојбата се менува од ден во ден, а туристичките агенции ги следат препораките и мерките на Владата.

„Што се однесува до реализација на аранжманите за годишните одмори  во оваа ситуација на вонредна состојба е тешко да се каже дали ќе биде остварлива. Ситуацијата се менува секојднево од час во час и согласно препораките на властите тоа е непредвидливо. Не се знае до кога ќе трае ваквата состојба за да може нешто од планираното да се исполни. Она што се предвидува и планира од страна на туроператорите и туристичките агенции е летните аранжмани да се откажат, меѓу другото и поради неизвесноста во делот на регулирање на патниот сообраќај со одредени држави што би било последователно на кризата.  Најавите од одредени земји на Европската Унија за воведување на посебни здравствени потврди за патување не остава простор за било каква одлука во моментот. Ситуацијата во туризмот на глобално ниво е повеќе од комплицирана. Но, едно е сигурно, здравствената криза предизвика сериозна криза во туризмот која ќе се одрази на подолг рок“, вели Биљана Пејоска Ристеска, извршен директор на Стопанската комора за туризам.

Вообичаено македонските граѓани најчесто одмораат во Грција, а тамошните медиуми пренесуваат дека мерките ќе се олеснат и дека во јули веќе ќе може да се оди на плажа.

Kaj граѓаните сепак има скептичност.

„Јас лично не би патувала надвор, туку да речеме би одморала во Македонија на планина или на езеро. Сакам активно планинарење. Би одела во Охрид“, вели Билјана Василева, граѓанка.

Коста Тахов од Велес, кој патува со велосипед, вели дека би заминал на патување, но би внимавал да има што помалку контакти со луѓе.

Но, голема несигурност за патувањата има не само кај нас и во регионот, туку и пошироко.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен деновиве повика да не се брза со планирање на одмори, затоа што не се знае што ќе се случува во јули и август.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата