16 Декември, 2025
0.1062

Ќе се види ли денес прагматизмот и реализмот на Коѕијас во Охрид?

Објавено во: Македонија 12 Април, 2018 07:59

Добивај вести на Viber

Откако вчера во Охрид на аеродромот Апостол Павле слета грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, денес се очекува целосна и детална средба со неговиот македонски колега Никола Димитров, при што ќе се разговара детално за следните чекори во изнаоѓање на решение околу спорот за името. Досега македонската страна прикажа највисоко ниво на конструктивност и посветеност и таквите заложби се јасно детектирани од меѓународните партнери кои се надеваат дека решение ќе има по што Македонија ќе може да го продолжи својот пат кон НАТО и Европската Унија.

Добар знак е и тоа што министерот Коѕијас драстично ја промени својата реторика во медиумите и во пресрет на средбата во Охрид, од неговата посета на Белград даде многу „прибрана“ изјава во која посочи дека прагматизмот и реализмот се клуч во наоѓање на решение.

Истото го следи и грчкиот владин портпарол Ѕанакопулос кој изјави дека во преговорите се уште треба да се покријат многу работи, но ниту еднаш не спомена дека Грција останува на барањата за уставни промени во Македонија со цел да се гарантира евентуално постигнатиот договор, сметајќи дека сега постои политичка волја и голем капацитет да се најде решение на спорот за името. 

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕијас денеска во Охрид ќе имаат средба како дел од најновата рунда преговори за надминување на проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија.

– Се надевам на прогрес и мислам дека однесувањето на Грција и Македонија во однос на процесот сигнализира дека процесот е во деликатна фаза и фокусирани сме токму на овие разговори. Се надевам дека ќе ни помогне што оваа рунда се одржува во Охрид, изјави Димитров пред средбата со Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија вчера во Белград пред да отпатува за Охрид рече дека дека е направен чекор напред во решавање на спорот за името и оти за негово затворање е потребен компромис.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“