16 Декември, 2025
0.0783

Ќе се зголеми ли старосната граница за пензионирање во Македонија?

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2025 06:30

Добивај вести на Viber

Не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање, потврди синоќа премиерот Христијан Мицкоски, додавајќи дека има можност во некои сектори за доброволно продолжување на работниот стаж, како во високото образование на пример. Мицкоски рече дека се прават анализи за реформи во неколку сектори. 

- Анализираме неколку модели, во неколку делови од општеството - здравствениот, социјалата, апсолутно како дел од социјалата би го анализирале и пензискиот систем затоа што првите приноси кои што ќе значат помали трансфери во буџетот ќе дојдат за некои седум, осум години од денес, можеби и повеќе 2032, 2033... И тоа претставува  сериозен трансфер би рекол од страна на централниот буџет. Но никоја реформа нема да биде на товар на граѓаните туку напротив во насока да го оптимира и да ги елиминира сите оние злоупотреби. Да речеме во делот на гарантирана минимална помош имаме лоцирано случаи каде што, за жал, поедини лица или се надвор од државата или се починати добивале трансфери по три основи - туѓа нега, гарантирана минимална помош итн, што е сапротивно и на закон и на процедури, рече премиерот во интервјуто на „Топ тема“ на телевизија Телма.

Цениме, истакна тој, дека со намалување на сивата економија и на злоупотребите преку дигитализација ќе успееме да дојдеме до огромни заштеди кон овие сектори. - Мислиме дека во добра насока сме. Не сум многу среќен што историски е највисок буџетот во здравството, над една милијарда евра, рече премиерот Мицкоски додвајќи дека ги охрабрува граѓаните да пријавуваат корупција најавувајќи дека за таа цел ќе бидат отворени и телефонски линии.

Немаме друг начин да се бориме, вели тој, затоа што тие се „пожилави“ отколку органите на прогонот и секогаш наоѓаат поинаков начин. 

-Затоа замолувам сите грашани кои се жртва на вакво однесување да пријават. Нема поголема ахилова пета и поостар камен во чевелот за еден народн, за една нација, од ваква пандемиска корупција. Посебно на тоа ниво - луѓето кои по вокација треба да бидат солидарни и хумани, рече Мицкоски. 

Во делот на минималната плата, рече дека ставот на Владата е јасен. - Доколку во рамките на Економско социјалниот совет, дијалогот кој што го водат работодавачите и работниците постигнат консензус ние тоа мораме да го почитуваме. Немаме тука избор, рече премиерот Мицкоски. 


Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи