ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА
Ќе врне ли денес?
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2016
Последните денови од септември се навистна есенски.
Облачно време, на места и врнежи.
Какво ќе биде денеска?
Релативно слаб дожд е можен во западните и северните делови но во приквечерието, каде е можно и дување на северен слаб ветер.
Што се однесува до температурите долж текот на Вардар ќе се движат максимално од 22°С до 25°С, низ котлините во западната половина од земјата помеѓу 19°С и 21°С.
Во главниот град времето ќе биде претежно облачно а шансите за дожд се многу мали.
Температурниот максимум ќе биде 22°С.