КЛАВИР И ГИТАРА ОНЛАЈН, КАКО ДА СЕ ПЛИВА ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ: Се бараат алтеранативни начини за воншколските активности
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Март, 2020 09:32
Состојбата со ширењето на коронавирусот наметна
живеење по други правила. Сите сектори се на голем удар. Со големи тешкотии во
моментов во нашава земја се соочуваат и сите приватни училишта и спортски
клубови каде децата имаат воншколски активности. Се бара алтернатива, но велат,
можено ли е се да биде учење на далечина. Музичкото училиште нтерпрајз, каде
брои стотина членови, одлучи часовите да ги спроведува онлајн. Се надеваат дека
нема се да бидеизгубено.
-Воопшто не е лесно ниту за нас, ниту пак за децата. Тие најмногу губат во моментов. Но, за среќа и ние можеме да се организираме некако поинаку, вели Валентино Скендеровски, сопственикот на училиштето за музика „Ентерпрајз“.
Тимот на Ентерпрајз, одлучи да се обидеме да држиме онлајн настава, со цел да го одржиме континуитетот и да не заборавиме да свириме и да пееме. Ученици, очекувајте во текот на следните денови, да ве контактираат вашите предавачи, со цел да се договорите за термини за онлајн настава. Се надевам дека добро ќе се забавуваме во домашна атмосфера, а и вашите родители ќе поднаучат нешто да свират доколку седнете заедно на компјутер да го проследите часот. Родители, ви ветувам дека ќе ја развеселиме атмосферата во вашиот домЌе го победиме вирусот со музика, па кога ќе си замине од нашиве простори, ќе одржиме еден голем концерт во чест на неговото истребување, со ваков пост на ФБ, „Енетрпрајз“ ги повика учениците на настава.
Истовремено и многу
училишта за странски јазици организираат далечинско учење. Наставата треба да
започне од понеделник и ќе биде организирана преку SKYPE, во термините според
досегашниот распоред. Учениците веќе добија насоки.
Но, спортските работници велат дека, спортот целосно ќе замре. Како да се плива онлајн, прашува Јане Карајованов, претседател на Пливачкиот Клуб „Орион“.
-Имаме исклучителни деца, таленти кои досега остваруваа невидени резултати. Целата ситуација ни паѓа на товар и на нас, но пред се е на штета на младите спортисти. Она што во моментов го правие е дека ги советуваме на секојдневни кардиовежби, да се искачуваат на Водно во дозволениот период, но тоа да не биде во група. За среќа, пливањето е индивидуален спорт, па и сувиот тренинг го прават сами без проблем. Не знаеме до кога ќе трае, но за сега советите се овие, само за да децата останат во форма, вели Карајованов.
И економскиот момент е многу битен, појаснува Карајованов, и смета дека во вакви моменти треба да има помош од државата.
-Ние зависиме од децата, но во ваква ситуација, државата треба да најде начини, колку толку да ни се помогне. Во спротивно многу клубови ќе пропаднат. Веќе во Србија, Хрватска и така натаму, многу од тренерите прават петиции, барајќи помош, бидејќи со соочуваат со истите проблеми како и ние тука, појаснува Карајованов.
Вели дека шокот допрва ќе се почувствува, во момент кога ќе треба да се направи редовно сервисирање на режиските трошоци во домаќинствата.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата




