27 Јули, 2024
0.0278

КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ВЛИЈААТ НА МИГРАЦИИТЕ НА ПТИЦИТЕ: Oние кои порано презимувале кај нас, сега одлучуваат да останат некаде посеверно

Објавено во: Македонија 03 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Се покажало дека климатските промени влијаат на миграциите на птиците.

Од повеќегодишните истражувања во Македонското еколошко друштво (МЕД) за средно-зимско пребројување на водни птици во Македонија,  увиделе дека во последните 10-тина година помалку птици се присутни на нашите три природни езера, но не се забележани некакви позначајни флуктуации во бројноста на ваквите птици во Европа. Односно, поради климатските промени, многу од птиците коишто порано презимувале кај нас, сега одлучуваат да останат некаде посеверно, каде што исто ќе имаат оптимални услови за опстанок во текот на зимата. 

„Сите ние од мали учевме дека на есен птиците одат на југ, а се враќаат на пролет кога природата оживува. Но, што се случува со птиците што живеат северно од нас? Кај одат тие? Како што Африка е зимскиот дом на многу видови птици што живеат и се размножуваат кај нас, така Македонија и Балканот се зимувалиште за многу видови птици од северните делови на Европа. Една од главните причини зошто на есен едни птици си одат, а други доаѓаат е разликата во нивната исхрана. Така, птиците на коишто исхраната им зависи од инсекти, се селат во Африка, Азија и јужните делови од Медитеранот, додека пак птиците коишто се исхрануваат со риби, ситни глодари, корења, водна вегетација и плодови од дрвја доаѓаат или остануваат кај нас. Водните површини како реки и езера се идеалните места во Македонија за голем број на различни патки, нуркачи и чапји да ја поминат зимата“, вели Славе Накев, орнитолог во МЕД.

Од друга страна, почнувањето на пролетната миграција е поврзано со цветањето на првите растенија и со излегувањето на инсектите или со почетокот на вегетациската сезона. Народот, месецот март и пристигнувањето на пролетта го поврзува и со појавата на првите ластовички и штркови. Но, со климатските промени доаѓаат и промените во миграцијата на птиците.

„Како и сите други организми на планетата, така и птиците се погодени од климатските промени. Имено, едно од најизразените влијанија од климатски промени врз птиците е временското поместување на миграцијата. Бројни истражувања покажале дека повисоките температури ги охрабруваат птиците порано да ја започнат миграцијата или да ги променат преселните патишта. Ваквите поместувања се наложени од промените во климата, а се со цел да го одржат балансот помеѓу достапноста на храна и почетокот на гнездечката сезона (период во кои што најмногу храна им е потребна на птиците). Промените во однесувањето и преселбата како резултат на климатските промени се доста истражувани во Европа. Па дури ваквите промени се забележани и кај некои од најчестите видови птици како што се црвеногушката, црноглавото грмушарче и големата сипка. Вакви промени поттикнати од климатските промени евидентирани се и во преселните патишта на штрковите и селските ластовици. Некои популации на штркови остануваат во Европа преку целата година како резултат на потоплите зими и достапноста на храна овозможена преку човечката активност. Ваквите промени на штрковите кон поседентарен живот во текот на зимата се со цел да заштедат што повеќе енергија, но и да го избегнат ризикот од преселбата. Од друга страна, главниот извор на храна (инсектите) на селските ластовички е погоден од климатските промени. Како одговор на ова, неколку студии покажуваат дека селските ластовички почнуваат порано со сезоната на парење и одгледување мали“, додава Накев.

Климатските промени ќе продолжат да ги менуваат и да имаат големо влијание врз екосистемите и затоа сознавањето за ваквите промени во однесувањето на птиците е клучно со цел правилно да се  спроведуваат мерките за заштита и зачувување.

Миграцијата на птици е една од најспектакуларните настани во природата и се случува двапати во годината, на пролет и на есен. Во периодот од 1-2 месеци милиони птици поминуваат по неколку стотици километри на ден, сѐ со цел да најдат места кои што ќе изобилуваат со храна и ќе им го олесни презимувањето или  ќе им овозможи идеални услови за одгледување на потомство. Миграцијата на птиците била мошне интересна тема за истражување уште многу одамна (XVI век), но систематското проучување и следење започнало кон крајот на XIX век. Со напредокот на технологијата напредувале и методите за следење на птиците. Денес, се користат најсовремени сателитски и GPS предаватели кои што детално и прецизно ни даваат поглед во преселните патишта на различни видови птици, но од големо значење се и конвенционалните методи како прстенување на птици и воспоставување на специјални опсерватории за следење на птици.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/underwaterstas

Можеби ќе ве интересира

ВЛАДАТА ПРИЗНА ДЕКА ИМАЛО ТАКОВ ПРЕДЛОГ - Не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово, еве што објави СДСМ

ВЛАДАТА ПРИЗНА ДЕКА ИМАЛО ТАКОВ ПРЕДЛОГ - Не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово, еве што објави СДСМ

ЛЕВИЦА ОТКРИВА ШТО СОДРЖИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ВОЗДУХОТ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - еве кои се нивните сознанија

ЛЕВИЦА ОТКРИВА ШТО СОДРЖИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ВОЗДУХОТ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - еве кои се нивните сознанија

„СЕ КАЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ОТКАКО ГО СТОРИЛА УБИСТВОТО, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ЗА НЕА Е ОДМОР“ - потресно сведоштво на осуденичка од Идризово

„СЕ КАЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ОТКАКО ГО СТОРИЛА УБИСТВОТО, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ЗА НЕА Е ОДМОР“ - потресно сведоштво на осуденичка од Идризово

ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

КАКО НЀ ЗАЛАЖУВААТ ТРГОВЦИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО - дали правиме разлика меѓу распродажба, попуст и акција

КАКО НЀ ЗАЛАЖУВААТ ТРГОВЦИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО - дали правиме разлика меѓу распродажба, попуст и акција

Колони возила на ГП Богородица и ГП Табановце

Колони возила на ГП Богородица и ГП Табановце

СО УМИСЛА И ОД БЕЗОБЗИРНА ОДМАЗДА ТРОЈЦАТА БРАЌА ПУКАЛЕ КОН СОСЕЛАНЕЦОТ - Обвинителството бара притвор

СО УМИСЛА И ОД БЕЗОБЗИРНА ОДМАЗДА ТРОЈЦАТА БРАЌА ПУКАЛЕ КОН СОСЕЛАНЕЦОТ - Обвинителството бара притвор

„МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА УШТЕ СИНХРОНИЗИРА ТУРСКИ СЕРИИ“ - Апасиев со критика за Љутков

„МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА УШТЕ СИНХРОНИЗИРА ТУРСКИ СЕРИИ“ - Апасиев со критика за Љутков

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена