22 Јануари, 2025
0.0291

(ФОТО) „Клуб Матица“: „Со книга на плажа“ по 15-ти пат

Објавено во: Мои пари 25 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Клубот Матица ја најави летната 15 та – јубилејна акција „Со книга на плажа” која ќе се реализира во летните месеци, заедно со различни активности кои имаат за цел да се поттикнат граѓаните да читаат секаде, па и за време на нивниот летен одмор.

Во рамките на кампањата, од Клуб Матица го најавија книжевниот хит кој ќе го одбележи летото. Книгата „Последната пролет во Париз” од познатата авторка Јелена Бачиќ Алимпиќ е прогласена за „Хит на летото”, со што се потврдува популарноста на делата на Бачиќ во Република Македонија. Дополнително, Клуб Матица ги претстави и активностите кои ќе ги реализира во соработка со туристичките агенции од земјава – првата под наслов „Да патуваме во Македонија”, проект со кој е предвидена бесплатна книга за сите оние кои ќе купат аранжман за некоја од туристичките дестинации во Македонија. Втората активност насловена „Да летуваме подготвени”, се однесува на поволностите и попустите кои Клуб Матица ги подготви за сите граѓани кои ќе купат туристички аранжмани во туристичките агенции во Република Македонија за патување во странските туристички дестинации.

„Кампањата „Со книга на плажа” секоја година ја дополнуваме со активности кои веруваме дека се интересни за читателите. Секоја година избираме „Хит на летото”, а оваа година тоа е последната книга на Јелена Бачиќ Алимпиќ „Последната пролет во Париз”, која според нашите читатели е апсолутен хит на годината. Дополнително, активностите кои во соработка со туристичките агенции ќе се реализираат летово имаат за цел да ги поттикнат граѓаните да ги посетат македонските туристички центри, но и оние кои ќе решат својот летен одмор да го поминат некаде во странство, да читаат повеќе”, изјави Дејан Павлески, директор на Клуб Матица.

Покрај овие активности, годинава се повторува кампањата „60 летни денови – 60 нови наслови”, со што на барање на граѓаните повторно ќе се одбираат летни наслови по промотивни цени, секој ден во текот на наредните месеци.

Во поглед на она што ќе биде реализирано следно, од Матица го најавија настанот ”Спортистите препорачуваат книга” – гледање на натпревар од Светското првенство на Булеварот на книгите во присуство на спортисти и спортски работници кои и ќе им препорачуваат наслови за присутните.

Иновативната прес конференција беше одржана на Базен Аеродром, што не беше воопшто случајно. Имено, овој најголем отворен базен во Македонија е првиот „book friendly” базен. Со секој купен билет за Базен Аеродром, сите посетители ќе добиваат ваучери со попуст за изданијата на Клуб Матица.

На прес конференцијата говореа и Влатко Серафимов, претставник од туристичката агенција ОК Травел кој говореше за одличниот начин на промоција на читањето преку делењето на ваучери за граѓаните со сите купени аранжмани, додека туризмологот Зоран Николовски говореше за одличната идеја да се доделуваат бесплатни книги за сите оние кои ќе одмораат во туристичките центри во  Република Македонија, бидејќи на тој начин се мотивираат да ги посетат овие места наместо да ги избираат странските туристички дестинации.

Во летниот период, во клуб Матица ќе се собираат и книги од читателите но и лектирски изданија на Матица, кои ќе бидат подарени на децата од социјално загрозени семејства за време на летувањето.

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД