Кога километражата „зборува лага“: Илјадници Македонци купуваат автомобили со вратена километража
Објавено во: Финансии 17 Ноември, 2025 07:10
По колку поминати километри станува тешко да се продаде автомобил – и зошто половните возила на македонскиот пазар се „подмладени“ барем за 100.000 километри?
Една од најболните теми при купување половен автомобил е километражата. Без разлика колку добро изгледа возилото, бројот на изминати километри е оној што одлучува – и за цената, и за довербата. Од друга страна, секој што продава половно возило знае дека со секој изминат километар шанските за продажба паѓаат, па затоа многумина прибегнуваат кон враќање на километражата, со што автомобилот лажно „се подмладува“.
По колку километри автомобилот станува „тешко продадлив“
Според автоексперти со кои разговараше „Фактор“, клучниот праг е помеѓу 150.000 и 200.000 километри. Токму во тој интервал почнуваат првите поголеми амортизации и доаѓа време за голем сервис, кој чини од најмалку 200 евра, ако се користат оригинални делови.
– Кога возилото ќе ја помине таа граница, најчесто треба да се менуваат ремени, куплунг-сетови, а често и да се чисти ДПФ-филтерот и катализаторот. Возачите избегнуваат вакви трошоци и најлесно им е да го продадат возилото пред сервис – објаснува Мартин П., професионален возач и авто-дијагностичар.
Сопствениците на автоплацови додаваат дека возилата со над 200.000 километри тешко наоѓаат купувач, додека под 100.000 километри најчесто предизвикуваат психолошка сигурност кај купувачите.
„Подмладување“ за 3.000 денари
Но колку од тие возила навистина имаат толку километри? Според еден авто-електричар кој инсистираше на анонимност, повеќето возила со „пристојна километража“ всушност поминале двојно повеќе.
– Враќањето на километражата денес е прашање на триесет секунди и неколку илјади денари. Со обичен дијагностички кабел и лаптоп, бројачот се репрограмира преку ОБД-системот. Цената за таква услуга се движи меѓу 1.000 и 3.000 денари – вели тој.
Многу возачи не знаат дека автомобилот ја „памети“ километражата и во моторот и во електронскиот клуч. При сервисна проверка може да се види вистинската состојба – понекогаш и шокантна разлика од 400.000 до 500.000 километри.
Како да се заштитите од измама
Експертите предупредуваат дека оваа пракса е незаконска, но тешко се докажува. „Фалсификувањето бројки“ се прави во сивата зона – преку препораки, пријатели и неформални сервиси.
Поради тоа, купувачите се советуваат никогаш да не купуваат половен автомобил без дијагностика во овластен сервис, каде може да се провери вистинската километража во сите модули на возилото.
На интернет веќе се нудат и универзални уреди за корекција по цена од само 15.000 денари, што дополнително ја олеснува измамата.
Заклучок: бројачот може да лаже, но амортизацијата не
Возило со „подмладена“ километража може краткорочно да изгледа како добра зделка, но за кусо време вистината излегува на виделина – преку скапи поправки, неисправни делови и скриени дефекти. Затоа, експертите советуваат: пред купување, проверете ја вистинската километража – бројачот може да се избрише, но историјата на возилото не.
Фото:Пикселс
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Хрватите ги открија најпрофитабилните професии со и без факултет: „Земаат до 4.000 евра месечно“
Важно за сите што патуваат со авион: Оваа услуга на аеродромот е драстично поскапа
Изнајмувањето на овие работи е малку пари: Може да се земат до 200 евра месечно
Невидливата цена во текот на зимата: Отворањето на прозорците всушност ви одзема многу пари од џебот
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено





