КОГА ЌЕ УМРАМ САКАМ ДА МЕ ЗАКОПААТ МЕЃУ МОИТЕ „ЅВЕРОВИ“: Последната желба на Ален Делон кој неизмерно ги сакаше кучињата и мачките
Објавено во: Свет 18 Август, 2024
Витезот на
Легијата на честа, титула што ја доби од поранешниот француски претседател,
Франсоа Митеран, светската филмска икона, Ален Делон, кој почина денеска во
неговиот дом во Души, го следеа низа конроверзи во текот на целиот живот. Големата
популарност и интересот на јавноста во еден момент го измори, па актерот дури
тврдеше дека не е среќен во животот.
„Бев програмиран да бидам успешен, но не и среќен. Тоа не оди заедно“, изјави тој во неговите последни интервјуа за француските медиуми. Глумеше во повеќе од 100тина филмови на големи француски и меѓународни режисери, но иако беше еден од најголемите заводници на 20-век, како никогаш да не ја најде вистинската жена. Единствено за австриската актерка Роми Шнајдер кажа дека таа е неговата прва, најголема и најтажна љубов.
Ален Делон, како што самиот изјави многу пати, вистинска, длабока и безусловна љубов, добиваше од неговите кучиња и мачки кои ги чуваше низ годините на неговиот имот. Истото чувство и тој го имаше спрема нив,
Постои посебен однос помеѓу актерот и неговите животни. Тој живее во Души, во огромен имот каде што можете да најдете 35 гробови на неговите верни придружници.
„Денес има триесет и пет гробници. Кога кучињата се во пар, ги погребувам заедно. Целиот мој живот е тука, во овие гробници. Сакам да бидам закопан тука меѓу моите ѕверови“, е една од неговите последни изјави.
Дали мислите дека кучињата знаат дека јас сум Ален Делон? Воопшто не им е грижа. Кучињата ме сакаат, не знаат кој сум и што правам. Љубов без размислување, чиста и вистинска љубов. Кучето знае дека си заминуваш, но не може да знае дека се враќаш. Во нив секогаш постои страв. Еднаш реков дека вистинската осаменост е она што го гледам во очите на моето куче кога заминувам.
На неговиот имот изградил мала капела, каде што почиваат неговите миленици. За време на неговиот живот, тој направи тестамент за да може да биде погребан на сопствен имот, покрај неговите кучиња.
-Ова ќе биде најголемиот луксуз што можам да си го замислам за себе, изјави Ален Делон на почетоков на годинава.