Кога коњите се ритаат, магарињата страдаат!
Објавено во: Економија 12 Септември, 2013 07:53
“Ова е борба на суети на оние што се директни одлучувачи за политиките. Или јас би кажал “Кога коњите се ритаат – страдаат магарињата“. Тоа значи дека целата оваа блокада, која неминовно ќе генерира огромни штети, ќе се прекрши врз стопанството, односно фирмите и што е најтрагично, како и секогаш никој нема да понесе одговорност за тоа“ - вели Витанов.
Економска оправданост во нарушените релации меѓу Македонија и Косово не препознава ниту поранешниот амбасадор на Македонија во Албанија, Ристо Никовски. За 24 Анализа тој вели:
“Ќар нема да има, тоа е сигурно. Ќе има само штета. Кога нема добра воља за решавање на проблемот на премиерско ниво, тогаш целиот случај има политичка позадина. А најстрашното би било кога таа политичка позадина не се крие во Приштина и во Скопје, туку доаѓа од надвор. Во целина, таа може да биде поврзана и со нашето име. Индикациите се дека станува збор за нешто поголемо и нешто посериозно.“
Визниот режим – вовед за политичка војна?
Лиферуваната информација дека официјално Скопје размислува за можно возведување на визен режим за Косово – според експертската јавност би бил потег погубен за политичките релации, но и потег кој би пратил силна порака дека сегашната “трговска војна“ нема допирна точка со економијата.
Воведувањето на визи, според Витанов ќе биде потврда дека властите во Скопје и Косово водат погубни политики.
“Кога емоцијата ќе го надмине рациото – тогаш таквата политика е осудена на пропаст, значи преовладуваат емоциите а не рационалните одлуки. Во случајов со Косово, брутално се прекршени сите меѓународни правила за трговија, кои се обврзани да ги почитуваат двете страни. Во случајов – имаме судир на суети“ - вели Витанов.
Визниот режим уште повеќе ќе ја продлабочи кризата и ќе ги наруши односите, смета дипломатот Никовски.
“Мислам дека треба да се направиме се, да се вложат сите напори за за да се избегне сценариото за вовдеување на визи. Тоа ќе не врати назад. Но не ги знаеме сите аргументи, практично не знаеме за што и на што ни забележуваат од другата страна. Воведувањето на визите би значалео “мала“ војна меѓу двете страни, секако не со пушки, туку една психолошка и политичка војна.“ – оценува Никовски.
Од друга страна, според аналитичарите не е исклучено ниту сценариото во кое Косово сака да обезбеди терен за увоз на производи од Србија, откако Приштина и Белград затворија уште еден проблем – употребата на телефонскиот префикс за Косово. Во исто време, Приштина е на еден месец до спроведување на локалните избори, па овој период може да се смета како дека од изборна кампања за лов на гласачи.
Д.А.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




