19 Декември, 2025
0.1004

Кога плаќањето се исплаќа, шопингот е вистинска забава

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2022 10:53

Добивај вести на Viber

Новата година ни чука на врата, празничната еуфорија веќе можеме да ја почувствуваме насекаде околу нас – во нашите домови, низ улиците, кафулињата, а најмногу од се, низ продавниците, бидејќи тие се местата кои го нудат она на што речиси сите најмногу се радуваме - новогодишните подароци!

Новогодишните подароци носат радост во срцата како на оние кои ги добиваат, така и на оние кои ги купуваат. Насмевката на лицата на најмилите која ќе се појави кога ќе ги отворат добиените подароци, е бесценета! А, пак, радоста која ја чувствувате кога ќе го видите совршениот подарок одбран специјално за вас, е неопислива!

За оние кои уживаат во купувањето новогодишни подароци и измамување насмевки кај најмилите, но и за сите оние кои сакаат да ги искористат новогодишните попусти или, пак,  кои едноставно уживат во шопингот, Халкбанк подготви подарок! Кампањата „Подарок со многу нули“ е наменета за физички лица кои се иматели на кредитни картички од брендот Mastercard (Mastercard Standard, Mastercard Credit Contactless и Mastercard World Contactless) издадени од Халкбанк АД Скопје и во неа може да се добие подарок од 1.000 денари. Имено, првите 1.000 иматели на споменатите картички кои до крајот на оваа година ќе направат трансакции преку ПОС терминали или интернет трансакции во вкупна вредност од минимум 10.000 денари, Халкбанк како подарок ќе им даде поврат на средства од 1.000 денари!

Повратот на средства се прави неколку дена по достигнување на трошењето од минимум 10.000 денари, а корисниците подарокот од Халкбанк ќе можат да го видат на изводот на кредитната картичка и на електронското, односно мобилното банкарство, и истиот ќе можат да го искористат за идни плаќања по сопствен избор.

Еден ист корисник ќе може по втор пат да освои награда  само доколку го исполни условот со различни кредитни картички (Mastercard World Contactless и Mastercard Credit Contactless/ Mastercard Standard ), односно  и со двете картички да има промет од по 10.000 денари во периодот на кампањата.

Среќата е единственото нешто кое расте кога се дели – вие споделете ја со вашите најмили, а ние ќе ја споделиме со вас! Направете го вашиот шопинг забавен со Вашиот верен партнер Халкбанк!

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА