„КОГА ВИДЕ УСЛОВНА, НА МЕМЕТИ МУ СЕ ОКОКОРИЈА ОЧИЊАТА“: Се огласи адвокатот Митровски откако екс правобранителот доби условна казна
Објавено во: Македонија 15 Август, 2024 07:30
Откако Иџет Мемети, кој е член на Советот на јавни обвинители, признал дека сторил кривично дело примање награда за противзаконито влијание, во случајот каде обвинет е и врховниот судија, Наќе Георгиев, се огласи адвокатот Јанаки Митровски.
„Иџет Мемети се спогодил да не оди затвор за тргување со влијание во предмет каде во притвор е врховниот судија Наќе Ѓорѓиев. Иако првично негираше вина кога виде условна му се ококорија очињата. За разлика од Наќе не виде ни ден притвор. А и зашто би кога Изет е од ДУИ, а не е тајна влијанието на ДУИ во организиран.
А да и забрана за вршење професија доби во времетраење од три години. На така високо профилиран предмет фатен со рачињата во медот што би рекла онаа несреќна Данела. Која лакрдија!!!“ напиша тој на фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




