29 Март, 2024
0.0253

Кога времето го мери Omega, стрелките неизбежно креираат безвременска поезија: На магичен настан на „тајна“ локација, „Божиновски часовници и накит“ ги претстави новитетите од прeстижниот часовничарски бренд (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Објавено во: Мои пари 06 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Не постои повозвишено чувство од она кога стиховите на еден поет во нас ќе ја разбудат емоцијата на љубов, во нејзината најсилна форма. Во тие моменти во нас се буди физички немерлива креативна сила која не тера чувството да го споделиме со што повеќе луѓе околу нас. 

Вака во неколку реченици може да се опише настанот на кого беа претставени новитетите од часовничарскиот бренд Omega кој пред неколку денови го организираше „Божиновски часовници и накит“ за лојалните клиенти на брендот.

На првично тајната локација – „Чифте амам“ пријателите на Божиновски имаа можност да влезат во една сосема друга димензија и во целиот амбиент да ја почувствуваат првичната инспирација на тој начин креирајќи поезија без букви и стихови. 

 Уживајќи едно обично утринска кафе во Битола со стиховите на големиот поет и романтичар Џорџ Гордон Бајрон, сопственикот Игор Божиновски акумулираше доволно креативна енергија во воздухот за да му даде емотивен почеток на еден настан за паметење.

„Оваа вечер ви ја посветувам вам мои драги пријатели и познаници, каде ќе ви ги претставиме новитетите на Омега и каде ќе ви го претставам она што мене ми е најсвето, она во што верувам, она што ми ја исполнува мојата душа, она за што живеам и она за што еден ден ќе умрам. Знам дека изгледа како да претерувам, но ако погледнете длабоко во себе и се запрашате зошто Божиновски часовници и накит е таму каде што е, единствен , доверлив и сигурен партнер во овој мал и мистериозен свет на часовничарството, одговорот самите ќе го пронајдете баш таму, во тоа мое претерување“, изјави сопственикот на „Божиновски часовници и накит“ Игор Божиновски, надоврзувајќи се на философското преиспитување на големиот лорд Џорџ Гордон Бајрон во кој се обидел да пронајде одговор на животно есенцијалните прашања.

-Што е најсвето за човек?

-Од што е создадена душата?

-За што вреди да се живее?

-За што вреди да се умре?

Одговорот кој Лордот Бајрон го дал на сите 4 прашања бил еден и едноставен - Љубовта!

Љубовта е најсвета на човекот,

Од љубов е создадена душата

За љубов вреди да се живее, и

За љубов вреди да се умре.

И воопшто не е претерување ако се каже дека токму таквата љубов и страст, повеќе од четвртина век е главниот печат на „Божиновски часовници и накит“, во својата света мисија, светот на часовничарството да го доближи до луѓето и до своите верни и лојални клиенти. 

Сите новитети на Омега може да ги погледнете на нашата веб страна.

Погледнете ја галеријата со фотографии:

* ПР - објава


Можеби ќе ве интересира

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон