Кои беа „златните години“ за работа во Авганистан?
Објавено во: Економија 18 Август, 2021
Жителите на Куманово кои работеле во Авганистан велат дека 2002, 2003 и 2004 биле најдобри години за работа во оваа земја затоа што тогаш добивале највисоки плати.
Заработувале од 3.000 до 6.000 долари месечно, зависно од работната позиција. Работеле во кујна, перални, како водоинсталатери, електричари, но и во администрација.
„Имаше набавна служба, транспорт на материјали, кујна, сѐ. Административните работи ги работеа луѓето кои имаа добро познавање на работа со компјутер и англиски јазик, читање и пишување. Некои луѓе доаѓаа потковани со знаење. Се работеше по 12 часа, а некогаш дури и по 15 и затоа се заработуваа толку високи суми. Имаше по еден слободен ден во неделата, а некогаш ни толку. Едноставно нема што да работите дури и да сте слободни, треба да седите во шатор и да се досадувате, така што човек се навикнува. Начинот на живот се менуваше за 100 отсто. Потоа се сменија многу работи, а по 2010 година, платите беа помали“, вели кумановец.
Голем број мажи и жени од различни возрасни групи и профили работеа во Авганистан, а има и такви кои ја имале оваа опција во план, но никогаш не заминале. Некои отишле затоа што не биле задоволни од овдешните плати, а други затоа што биле невработени. Има и такви на кои за само неколку дена по добивање на отказ во земјата, им успеало да пратат апликација и да добијат позитивен одговор за работа во Авганистан. Приказната за тоа какви се условите, платите, начин на пронаоѓање на работа се ширеше од човек на човек.
Кумановците кои најдоа работа во Ирак и Авганистан на градот му донеле една милијарда долари за само десетина години. Најголем дел од парите се вложени во недвижнини, а дел и во бизниси.
„Пред 4 – 5 години имаше зголемена побарувачка за станови. Ако 80 отсто од печалбарите купуваа станови, 20 отсто купуваа куќи. Цените не им беа проблем и затоа скокнаа недвижностите. Сега очекуваме дека до февруари или март идната година ќе има интерес за купување имоти, а потоа можно е да има застој“, велат од агенцијата за недвижности „Експерт недвижности“ од Куманово.
Во овие земји работеле повеќе од 5.000 кумановци. Сите се согласни дека парите од печалбарите економски го раздвижија градот, но и дека целата држава зависи од парите кои ги испраќаат гастарбајтерите. За повеќето работата во Авганистан е минато, но има и такви кои веруваат дека по извесно време повторно ќе се создадат услови за работа во оваа земја.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.