15 Декември, 2025
0.0597

Кои се најголемите извозници на струја од Македонија?

Објавено во: Економија 29 Март, 2023 13:31

Добивај вести на Viber

Македонија е голем зависник од увоз на електрична енергија, но постои и пазар на струја во спротивна насока, иако е далеку помал. Оваа година операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО ги објави и најголемите извозници на струја која се произвела во нашата земја.

Најголем извозник е ЕТМТ Енерџи, која е формирана пред две години, а нејзин сопственик е фирма од Албанија.  ЕТМТ Енерџи е инаку фирмата која во 2022 најмногу купуваше вишоци на струја кои ги продава АД Електрани на Северна Македонија- ЕСМ. 

ЕТМТ Енерџи од Македонија е трговец број еден со 142.861 мегаватватчасови електрична енергија кога станува збор за извоз.  Опозицијата лани реагираше дека со продажбата на ноќни вишоци на струја за ЕТМТ Енерџи се врши грабеж на граѓаните, бидејќи потоа таа ја продава многу поскапо струјата во странство. 

Со 105.845 мегаватватчасови на второто место е Хсе Мак Енерџи, филијала во сопственост на словенечката државна компанија за електрична енергија.

Релативно непознатата Соларис ТРД има изнесено надвор од земјата 83.397 мегаватчасови електрична енергија и делува како специјализирана за таа намена, бидејќи компанијата ниту има големо производство, ниту пренесува струја транзитно од други места.

На 4.позиција со 79.183 мегаватчасови извесени е бугарската компанија „Тетра“, која е воедно една од трговците со најголеми приходи во земјата.

Во топ-5 со 60.000 мегаватчасови влегува и словенечкиот ГЕН-И, исто така познат по тоа што купува вишоци на струја од ЕСМ. Понатаму следат уште двајца странски купувачи од ЕСМ - ЕФТ со 45.000 и Данске Комодитис со 33.000 мегавати.

Меѓу позначителните извозници се уште и бугарскиот ЕВН Трејдинг со 27.000 и гасната централа ТЕ-ТО кој преку својот трговец извезувал 19.500 мегавати електрична енергија во текот на минатата година.

Енергетската асоцијација од оваа година очекува во извозот да се приклучат и производителите на електрична енергија од фотонапонските централи, кои би имале доволно вишоци за да можат да ја продаваат оваа струја како извозна, доколку инвестираат во потребните технологии за балансирање.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година