19 Декември, 2025
0.0701

Кој е 15-годишниот научник кој освои прво место на Меѓународниот саем на Интел?

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2014 09:25

Добивај вести на Viber

15-годишниот Нејтан Хан од Бостон го освои првото место за развој на софтвер кој детектира мутации во гените што предизвикуваат рак на дојка, на Science and Engineering Fair (Intel ISEF) на Intel во Лос Анџелес, во програмата Society for Science & the Public. Користејќи податоци од јавно достапните бази на податоци, Хан детално ги прегледал карактеристиките на повеќе мутации во генот BRCA1, кој е заслужен за спречување на појавата на тумори со цел да го “научи” софтверот да ги разликува мутациите што водат кон почетокот на болеста, од оние што не водат. Неговата алатка е со 81% точност и може да се користи за прецизно идентификување на ризикот од рак. Натан Хан е почестен со наградата Gordon E. Moore во вредност од 75.000 долари, која е именувана според научникот и коосновач на Intel Corporation. Со по 50.000 долари од фондацијата наградени се и 15-годишниот Ленард Клинворт (развил нова математичка алатка за смартфони и таблети што овозможува нови способности на уредите), и 17-годишната Шенон Синѓинг Ли (за развој на електрокатализатор кој може да се користи во батериите на иднината). „На светот му требаат повеќе научници, иноватори и претприемачи за да создаваат нови работни места, да го подобрат економскиот развој и да дадат одговори на итни глобални предизвици,“ посочила Венди Хокинс, извршен директор на Фондацијата Интел. „Не само што работат на откривање на решенија за предизвиците на општеството, тие служат како инспирација за младите студенти охрабрувајќи ги да се вклучат во чудесниот свет на науката и инжинерингот.“ – изјавил Рик Бејтс, извршен директор и одговорен за Society for Science & the Public. ISEF 2014 winning trio Оваа година, околу 1.700 млади научници беа избрани за да се натпреваруваат на Intel ISEF. Тие беа избрани од 435 партнерски саеми во повеќе од 70 земји, региони и територии. Повеќе од 500 финалисти добија награди и признанија за нивните иновативни истражувања. Intel е главниот спонзор на ISEF од 1997 година.

Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година