Кој е човекот кој здушно го брани Никола Груевски од одење в затвор?
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2018 08:21
Медиумите веќе го „обработија досието“ на Александар Трајковски, предводникот на протестите за спречување на поранешниот премиер Никола груевски од одење в затвор, а дури и побара помилување за него од претседателот Ѓорѓе Иванов.
Главниот говорник на протестот порача дека тие се собрале самоиницијативно како членови на ВМРО-ДПМНЕ за да му дадат поддршка на Груевски и да му порачаат дека неговата борба е и нивна борба.
„Го повикуваме претседателот Ѓорѓе Иванов, кој е единствениот политичар со кредибилитет кај граѓаните, да донесе одлука со кој ќе го прекине овој политички прогон што се спроведува во РМ“, коментира Александар Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Но, во 2013 година тој тврдеше дека не го интерсираат партии и дека ја брани изградбата на црквата на плоштадот. Трајковски беше во првите редови во насилството кое се случи во бараките на општина Центар во 2013 година. Тропаше по прозорите, кршеше и ги кинеше завесите.
Од кабинетот на шефот на државата засега не се достапни за коментар на барањето на опозицијата испорачано на синоќешниот протест пред Скопскиот кривичен суд каде неколку стотина граѓани излегоа за да дадат поддршка на поранешниот партиски лидер и премиер.
Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




