КОЈ Е ИНВЕСТИТОРОТ ШТО ПЛАТИ МНОГУ ПОВИСОКА ЦЕНА ОД ВООБИЧАЕНАТА ЗА МАЛ ПАКЕТ АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА - преку блок трансакција „искеширани“ 200 илјади евра
Објавено во: Финансии 04 Февруари, 2025 08:20
Можеби не се продаде на Комерцијална банка, ама и натаму постои интерес за купување на поситни акционерски пакети од Стопанска банка Битола.
Вчера на Берзата помина блок трансакција, во која за познат купувач беа продадени мал пакет акции на Стопанска банка Битола, за вкупна сума од близу 200 илјади евра.
Фактички, во блокот беа продадени 2.962 акции, по цена од 4.093 денари за акција, што значи дека некој е подготвен во еден наврат да плати сума од 197 илјади евра за да го стекне овој акционерски колач на Стопанска банка Битола.
Она што паѓа во очи е дека оваа цена од 4.093 денари за акција е невообичаено многу повисока од цената по која на редовниот пазар се тргува со акциите на банката. Имено, вчера на редовниот пазар се тргувало со акции на Стопанска банка Битола и цената на една акција била 2.902 денари за акција, а слична цена имало и во претходните денови. Но, по оваа цена била купена многу мала количина, од само 56 акции.
На редовниот пазар највисока цена во последната година што ја достигнала акцијата на Стопанска банка Битола била 3.712 денари за акција, која била постигната во август минатата година, а потоа цената почнала да доживува надолен тренд.
Што значи дека тој што платил над 4.000 денари, навистина сакал да го има овој акционерски пакет.
Кои се купувачот и продавачот на овој акционерски пакет засега не е познато, а хипотетички би се дознало само доколку тој што купил евентуално избие со процент над 5 отсто во понеделник идната недела, или доколку за тоа извести самата банка преку берзата.
Во овој момент, согласно со вчерашната состојба, но пред да се случи блок трансакцијата, во Стопанска банка Битола како и досега, единствен акционер со над 5 отсто е „Пелистерка“, која поседува 16,99 отсто од акциите.
Она што е битно да се истакне за Стопанска банка Битола е дека таа лани „бриљираше“ со одличен финансиски резултат, наспроти загубата во претходната година.
Како што веќе пишувавме, тој е дијаметрално спротивен од 2023 година, а добивката е во услови кога менаџментот на банката успеал да ги редуцира речиси сите оперативни трошоци, а да ги зголеми приходите од камати.
Оваа банка успеала да ги намали трошоците и преку оптимизација да направи целосен пресврт во корист на своите акционери. Добивката за 2024 година изнесува, за оваа банка, одлични 2,65 милиони евра. Резултатот на банката е дијаметрално спротивен со претходната 2023 година кога Стопанска банка Битола завршила со загуба од 3 милиони евра.
Клучниот катализатор за добивката од 2,65 милиони евра е всушност драстичното кратење на резервациите за обезбедување на кредитните пласмани лани во споредба со 2023 година.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





