20 Јуни, 2025
0.0340

КОЈ Е РИК СКОТ, ЗА НЕГО „НАВИВА“ ИЛОН МАСК: Сака да биде лиде на мнозинството во Сенатот

Објавено во: Свет 11 Ноември, 2024 11:44

Добивај вести на Viber

Милијардерот Илон Маск, силниот сојузник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, синоќа го поддржа републиканецот Рик Скот за лидер на мнозинството во Сенатот, откако Републиканската партија обезбеди мнозинство во споменатиот дом на американскиот Конгрес на изборите што се одржаа на 5. ноември.

Републиканците во Сенатот од 2007 година ги предводи Мич Меконел, кој по овие избори најави повлекување од таа функција. Републиканската партија во Горниот дом на Конгресот ќе има најмалку 52 од вкупно 100 претставници, откако нејзините кандидати на изборите во вторникот освоија три места од демократите, во Западна Вирџинија, Охајо и Монтана.

Најбогатиот сенатор

Рик Скот, еден од најголемите поиддржувачи на Трамп, е најбогатиот сенатор во Америка, а сега кога се предлага за лидер на мнозинството во Сенатот во интервју за Фокс њуз изјави дека Горниот дом на Конгресот мора да спроведе вистински промени.

„Не можеме повеќе да продолжиме со она што го правевме досега. Токму затоа е избран Доналд Трамп, за да се случат промени“, рече тој. За време на кампањата, Трамп вети дека ќе ги депортира имигрантите кои илегално престојуваат во САД, потоа ќе ги намали даноците, ќе воведе царини за меѓународните трговски партнери и ќе ја промени фискалната политика.

Тој ја има поддршката од „тврдокорните

Засега Скот ужива поддршка од неколку „тврдокорни“ републиканските сенатори, но прашање е дали може да ги придобие умерените. Републиканската партија во среда ќе го избере својот лидер во Сенатот, а таа личност ќе го замени демократот Чак Шумер како лидер на мнозинството.

Додека односот на силите меѓу републиканците и демократите е јасен кога станува збор за Сенатот, гласовите се уште се пребројуваат во Претставничкиот дом, долниот дом на Конгресот. Според проекциите на Edison Research, републиканците можат да сметаат на 213 претставници, од кои 218 се потребни за мнозинство.

Доколку републиканците го освојат и овој дом, законските предлози на Трамп ќе имаат отворен пат низ Конгресот, кој мора да ги одобри.

Нецелосните резултати, според анализата на „Њујорк тајмс“, покажуваат дека републиканските кандидати имаат мала предност во девет окрузи каде се уште не е прогласен победник, додека кандидатите на демократите водат во седум, но уште илјадници гласови треба да се пребројат.

Повеќето од преостанатите места во Претставничкиот дом се во западните држави, каде што пребројувањето на гласовите трае подолго отколку во остатокот од САД.

фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Можеби ќе ве интересира

OTКРИЕН ОБИД ЗА АТЕНТАТ: Кој ирански политичар беше мета?

OTКРИЕН ОБИД ЗА АТЕНТАТ: Кој ирански политичар беше мета?

ПУТИН: Рускиот и украинскиот народ се еден, цела Украина е наша

ПУТИН: Рускиот и украинскиот народ се еден, цела Украина е наша

ИМАМ ВОДЕШЕ МОЛИТВА СО ПУШКА ВО РАКА: Иранка им порача на Израелците да спремаат ковчези

ИМАМ ВОДЕШЕ МОЛИТВА СО ПУШКА ВО РАКА: Иранка им порача на Израелците да спремаат ковчези

СЕ ОТКАЖУВААТ МНОГУ ЛЕТОВИ СО БЛИСКИОТ ИСТОК: „Ситуацијта е влошена“

СЕ ОТКАЖУВААТ МНОГУ ЛЕТОВИ СО БЛИСКИОТ ИСТОК: „Ситуацијта е влошена“

ЗОШТО НЕТАНЈАХУ БАШ СЕГА ГО НАПАДНА ИРАН? Нападот не беше големо изненадување

ЗОШТО НЕТАНЈАХУ БАШ СЕГА ГО НАПАДНА ИРАН? Нападот не беше големо изненадување

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ ДЕКА НЕГОВАТА ВНУКА ЗБОРУВА КИНЕСКИ: Објасни зошто е така

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ ДЕКА НЕГОВАТА ВНУКА ЗБОРУВА КИНЕСКИ: Објасни зошто е така

ШПИОНИРАЛЕ ЗА ИЗРАЕЛ: Иран уапси 24 луѓе

ШПИОНИРАЛЕ ЗА ИЗРАЕЛ: Иран уапси 24 луѓе

БЕЛАТА КУЌА: Трамп за две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран

БЕЛАТА КУЌА: Трамп за две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран

ДЕВОЈЧЕ ОД УКРАИНА ДОШЛО ВО ИЗРАЕЛ НА ЛЕКУВАЊЕ: Загина заедно со семејството

ДЕВОЈЧЕ ОД УКРАИНА ДОШЛО ВО ИЗРАЕЛ НА ЛЕКУВАЊЕ: Загина заедно со семејството