05 Декември, 2025
0.1025

Кој ќе ги наследи милијардите на Џорџо Армани?

Објавено во: Финансии 08 Септември, 2025 10:00

Добивај вести на Viber

Светски познатиот италијански моден дизајнер Џорџо Армани почина на 92-годишна возраст. Италијанецот остави длабок белег во модната индустрија и, и покрај бројните преземања во индустријата и спојувања на конгломерати, успеа да ја задржи компанијата во свои раце.

Неговото богатство се проценува на 11,3 милијарди долари, а според „Форбс Словенија“, Армани подготвил документ една деценија пред неговата смрт за тоа како ќе се подели неговиот имот. Тој немал деца на кои ќе им ја остави компанијата, па затоа со години имало многу шпекулации во јавноста.

Ројтерс го доби документот пред две години. Првиот дел се однесува на управувањето со компанијата, додека вториот се занимава со прашањето за зачувување на работните места.

Во првиот документ се наведува како наследниците треба да пристапат кон евентуалното котирање на компанијата на берзата. Но, само пет години по неговата смрт. И како да се постапи во случај на преземања и спојувања.

Што се однесува до самиот изглед на брендот Армани, документот се обврзува на „струдење кон чист, модерен, елегантен и дискретен стил со големо внимание на деталите и употребливоста“.

Кои се наследниците?

Според Ројтерс, наследници на Армани ќе бидат неговата сестра Росана и уште тројца роднини (внуките Силвана и Роберто, и внукот Андреа Камерано) кои работат во компанијата. Исто така, тука е и долгогодишниот колега Панталео Делорко и добротворна фондација.

Статутите го делат акционерскиот капитал на компанијата во шест категории со различни права и овластувања за глас. Тие се дополнети со можноста за издавање акции без право на глас.

Армани, исто така, основа фондација во 2016 година, која има само симболичен удел во компанијата. Според статутите, таа има за цел да игра клучна улога во зачувувањето на бизнисот што го започнал со партнерот Серџо Галеоти пред сам да ја води компанијата по неговата смрт во 1985 година, додаде Ројтерс.

Целта на фондацијата е да инвестира во добротворни проекти и да го одржи влијанието на Армани врз групацијата.

Статутите на фондацијата, кои исто така ги виде Ројтерс, предвидуваат дека фондацијата мора да управува со својот удел со цел создавање вредност, зачувување на работните места и почитување на вредностите на компанијата.

Се вели дека аранжманот донекаде потсетува на моделот што го имплементираше основачот на Ролекс, Ханс Вилсдорф. Во 1960 година, тој ја препушти компанијата на фондација која сè уште го контролира престижниот бренд на часовници.

Армани отсекогаш ја бранел независноста на својата компанија и ја отфрнувал идејата за спојувања. Особено, со француски групи кои ги презеле италијанските брендови како што е Гучи, кој сега е во сопственост на Керинг.

Статутите на компанијата, исто така, вклучуваат обврска за „претпазливо пристапување кон аквизициите насочени исклучиво кон стекнување знаење што компанијата не го поседува - без разлика дали станува збор за пазари, производи или канали за продажба“.

Исто така, предвидува половина од нето добивката да се распределува на акционерите.

Секое можно котирање на акции на берзата бара позитивен глас од мнозинството директори и „само по пет години од стапувањето во сила на овие документи“.

Бонитет

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување