15 Јануари, 2025
0.0256

КОЈ ЌЕ СЕ ИЗРАДУВА СО 17 МИЛИОНИ ЕВРА НЕПОСРЕДНО ПРЕД НОВА ГОДИНА - Мермерен комбинат Прилеп ќе дели дивиденда од акумулирани добивки

Објавено во: Економија 11 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Акционерите на Мермерен комбинат од Прилеп имаат причина и тоа како да бидат среќни, бидејќи на нивните конта ќе легне вкупна сума од 19 милиони евра во форма на дивиденда.

Се разбира дека поголем износ ќе добие доминантниот акционер STONE WORKS HOLDING COOPERATIF U.A, односно тој непосредно пред нова година ќе се израдува со 17 милиони евра.

Мермерен комбинат од Прилеп ќе распределува дивиденда, согласно одлуката на Собранието на акционери кое се одржало на 11 овој месец. За тоа компанијата ја извести инвеститорската јавност преку Македонската берза. 

Од компанијата всушност информираат дека ќе се делат како дивиденда на обичните акции дел од акумулираните добивки до 31 декември 2022 година, и тоа на вкупен износ од 19 милиони евра. Износот на бруто дивидендата за една обична акција изнесува 4,06 евра, соопшти компанијата. 

Средствата во дивиденда ќе се распределат во пари, е наведено во одлуката на компанијата.

Последен ден за тргување со право на дивиденда е 21 декември годинава, а прв ден на тргување без право на дивиденда е 22 декември. 

Исплатата на дивидендата ќе почне на 26 овој месец, нагласуваат од компанијата во својата одлука.  

Според состојбата од Централниот депозитар, најголем акционер во Мермерен комбинат Прилеп е STONE WORKS HOLDING COOPERATIF U.A, компанија која поседува 89,25 отсто од обичните акции, додека, пак, PIRAEUS BANK S.A. располага со 10 проценти од акциите на комбинатот.

Ова значи дека доминантниот стгрански сопственик STONE WORKS HOLDING COOPERATIF U.A ќе добие на свое конто близу 17 милиони евра, или прецизно 16,98 милиони евра, додека, пак, грчката банка ќе инкасира 1,9 милиони евра на име дивиденда.

Треба да се спомене дека ситен процент акции во комбинатот имаат и 73 физички лица во земјава, кои располагаат 0,65 отсто од акциите на оваа компанија.

Овие 73 домашни физички лица кои се акционер ќе поделат околу 124 илјади евра вкупно за дивиденда. 

Инаку, на крајот на август од комбинатот инфпормираа дека „Мермерен комбинат Прилеп е известен дека г-дин Кристофорос Павлидис купил 100 отсто од акциите на Dolit Investments, кој го поседува Pavlidis Monoprosopi A.E Marmara- Granites (претходно познат како Pavlidis S.A Marble – Granite), кој располага со 100 отсто од акциите на Stone Works Holding Coöperatief UA („Стоунворкс“), сопственикот на 89,25 отсто од издадениот акционерски капитал на Мермерен“.

Компанијата е една од најуспешните која експлоатира мермер и во најголема мерка го пласира на странски пазари. 

Фактор веќе пишуваше за неодамнешната трансакција за промена на сопственоста на прилепската компанија, а деталите се тука. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

КОЈ Е ЖАН ЈИМИНГ, ВИЗИОНЕР ШТО ГО ОСНОВАШЕ ТИК-ТОК - тој е најбогатиот Кинез, има 49,3 милијарди долари

КОЈ Е ЖАН ЈИМИНГ, ВИЗИОНЕР ШТО ГО ОСНОВАШЕ ТИК-ТОК - тој е најбогатиот Кинез, има 49,3 милијарди долари

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови