Koj „лови“ поени од идејата за Заедница на албански општини во Македонија?
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2023 17:22
Со барањето за „Заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени, вели министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов.
Тој рече дека барањето на партијата Алтернатива за „поврзување на албанските општини“ е обид за ловење политички поени и повика да внимаваат со таквите изјави.
„Таквите барања можат да влијаат на меѓучовечките односи, кои за среќа се многу постабилни денес и претпоставувам дека граѓаните нема да се поведуваат по такви барања за декомпонирање на државата“, рече Пенов.
Премиерот Димитар Ковачевски идејата за формирање на заедница на албански општини ја смета за несериозна, антиевропска и антиамериканска.Бојан Маричиќ, вицепремиерот за евроинтеграции во интервју за Тв 24 рече дека таа идеја е затворена со Рамковниот договор. Нему му е жал што Алтернатива влегува во косовско сценарио. Инаку, претходно од кабинетот на косовскиот премиер Албин Курти рекоа дека ако во Косово се формира Заедница на српски општини, таква треба да има и во Македонија, но се споменуваше дека и во јужна Србија ќе го бараат истото. Меѓународната заедница, но и Србија бара што поскоро на Косово да се формира Заедницата на српски општини.
Можеби ќе ве интересира
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило




