08 Ноември, 2024
0.0498

КОЈ ВЕЛИ ДЕКА НЕ МУ ОДИ ДОБРО НА МАКЕДОНСКИОТ ТУРИЗАМ - „Хотели Метропол“ профитираа со над 800 илјади евра, но еве на што не може да се штеди

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Кој вели дека не му оди добро на македонскиот туризам. Охридските хотели под „капата“ на компанијата „Хотели Метропол“ покажуваат нешто сосема спротивно.

Овде само треба да наведеме дека во рамките на ова акционерско друштво влегуваат три хотели од Охрид и тоа Белви, Метропол и Турист, за да се има претстава за кои конкретно хотелски капацитети се однесуваат овие резултати.

Билансот на успех на оваа компанија говори дека таа, за периодот од почетокот на годинава па заклучно со септември, остварфила оперативни приходи, а тука влегуваат сите приходи од издавањето на хотелските соби и услуги, на сума од близу 3,1 милиони евра.

Во однос на истиот период лани тоа е зголемување за не толку преголеми 7 отсто, но тоа е сепак солиден, дури и одличен резултат.

А, треба да се има предвид и фактот дека во првото полугодие приходот на компанијата бил околу еден милион евра, што значи дека два милиони евра приходи се инкасирани само од периодот на летната туристичка сезона, односно месеците јули, август и септември.

Компанијата се покажала и како штедлива, односно ги зголемила само оние трошоци кои морала, но не и она што не било неопходно.

Па така, за првите девет месеци од годинава Хотели Метропол оствариле оперативен расход од 2,3 милиони евра, што е раст за 6 проценти во однос на истиот период од минатата година.

За трошоци за суровини и материјали компанијата издвоила 721 илјади евра, што е зголемување за 9 отсто, но затоа кај услугите со карактер на материјални трошоци, кои изнесувале 128 илјади евра, намалувањето е за дури 14 отсто, а за еден процент се снижиле и останатите трошоци од работењето, кои изнесувале 153 илјади евра.

Но затоа, не можело да се штеди на трошоците за вработените, односно за нивните плати, бидејќи тие работници, како што знаеме, се дефицитарни на охридското крајбрежје. За нив компанијата платила вкупна сума од 993 илјади евра, и тоа е зголемување за дури 18 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Сето ова довело хотели „Метропол“ да има оперативна добивка од 772 илјади евра, што е пораст за 10 отсто во однос на истиот период лани.

Финансиските приходи се 36 илјади евра и кај нив има значајно зголемување за 85 отсто, додека финансиските расходи се речиси незначителни и плус се додатно намалени во однос на споредбениот период.

Или, на крајот на сите пресметки, на хотели „Метропол“ им останува чист профит од 808 илјади евра за првите три квартали, што е зголемување за 12 проценти во однос на истиот период лани.

А, само треба да се истакне дека за првото полугодие оваа компанија имала загуба, и таа изнесувала околу 170 илјади евра, што значи дека овој профит е повеќе од одличен финансиски резултат.

Согласно последната состојба на ЦДХВ, сопственик на оваа најголемна охридска хотелиерска компанија е „Фершпед“, кои поседуваат 73,5 отсто од капиталот на „Хотели Метропол“.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ХРАНАТА ИМ Е НАЈГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК: Генерацијата Z троши повеќе на намирници отколку на облека, патувања и излегувања

ХРАНАТА ИМ Е НАЈГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК: Генерацијата Z троши повеќе на намирници отколку на облека, патувања и излегувања

РАКОВОДСТВОТО ВЕРУВА, РАКОВОДСТВОТО КУПУВА - со колку акции се стекнаа членовите на Управниот одбор на „Алкалоид“

РАКОВОДСТВОТО ВЕРУВА, РАКОВОДСТВОТО КУПУВА - со колку акции се стекнаа членовите на Управниот одбор на „Алкалоид“

ГЕРМАНСКИ „ВИРУС“ СЕ ШИРИ НИЗ АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА: Уште еден производител на возила во криза, отпушти 9.000 работници

ГЕРМАНСКИ „ВИРУС“ СЕ ШИРИ НИЗ АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА: Уште еден производител на возила во криза, отпушти 9.000 работници

ТЕШКО ТИЕ ШТО НЕЛЕГАЛНО РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА: Германската влада објави војна на нелегалната работа, нема повеќе злоупотреба на системот

ТЕШКО ТИЕ ШТО НЕЛЕГАЛНО РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА: Германската влада објави војна на нелегалната работа, нема повеќе злоупотреба на системот

НИКОЛОСКИ НАЈАВИ КРАЈ НА ДИВЕЕЊЕТО НА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ: „Ќе ставиме крај на уцените на градежниците“

НИКОЛОСКИ НАЈАВИ КРАЈ НА ДИВЕЕЊЕТО НА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ: „Ќе ставиме крај на уцените на градежниците“

MИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА, РУДАРСТВО И МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ: Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими

MИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА, РУДАРСТВО И МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ: Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ЈА ТЕСТИРАА ЧЕТИРИДНЕВНАТА РАБОТНА НЕДЕЛА: Кај работниците се намалил стресот, а здравјето е подобрено

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ЈА ТЕСТИРАА ЧЕТИРИДНЕВНАТА РАБОТНА НЕДЕЛА: Кај работниците се намалил стресот, а здравјето е подобрено

СДСМ: :Човек се онесвестил додека чекал ваучер за инвертер

СДСМ: :Човек се онесвестил додека чекал ваучер за инвертер

МАРЕС Конференција 2024: Неопходна тесна соработка меѓу јавниот и приватниот сектор за успешна енергетска транзиција

МАРЕС Конференција 2024: Неопходна тесна соработка меѓу јавниот и приватниот сектор за успешна енергетска транзиција