MИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА, РУДАРСТВО И МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ: Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
Објавено во: Економија 07 Ноември, 2024 19:15
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека успешно е реализиран процесот на доделување на ваучери за купување инвертер клими, со цел зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата низ целата држава. До 15 часот, беа доделени над 80 отсто од предвидените 6.182 ваучери. Благодарение на внимателното планирање и целосната ангажираност на тимот на Министерството, процесот се одвива непречено и ефикасно, со што на граѓаните им се овозможи брзо и лесно подигнување на ваучерите.
Во рамки на процесот на доделување, до 16 часот, само во Скопје беа доделени над 1.400 ваучери или над 75 отсто од вкупниот број. Иако на почетокот на денот беше забележана зголемена посетеност на граѓани, доделувањето се одвиваше непречено и во поголемиот дел од денот немаше долги редици пред СЦ Борис Трајковски.
Во согласност со предвидената динамика, доделувањето
успешно се спроведува и на другите 30 локации низ Македонија, каде што
граѓаните можат лесно да ги подигнат своите ваучери за купување и инсталирање
на инвертер клима уреди.
Според првичните информации од тимовите на Министерството, во повеќето градови
како Струга, Радовиш, Штип, Кичево и други, граѓаните подигнале над 90 отсто од
ваучерите, што е доказ за успешноста на овој начин на дистрибуција на
ваучерите.
Во изјава за медиумите министерката за енергетика, Сања Божиновска, нагласи дека Министерството ги отвори сите предвидени локации низ Македонија, со цел да се обезбеди брза и безбедна дистрибуција на ваучерите и додаде: „Во Скопје, ваучерите се доделуваат во салата ‘Борис Трајковски’, во Битола – во спортската сала ‘Боро Чурлески’, а во останатите градови – во соработка со Агенцијата за вработување. Со оваа мерка, обезбедуваме значителна финансиска поддршка за домаќинствата, а посебно се фокусираме на ранливите категории потрошувачи.“
Дополнителна флексибилност е овозможена за граѓаните кои нема да можат да ги подигнат своите ваучери веднаш, тоа да го направат директно во Министерството до крајот на месецот.
Министерката Божиновска го истакна значењето на мерката за енергетска ефикасност, нагласувајќи дека оваа програма со вкупен износ од 155 милиони денари не само што придонесува кон подобрување на животниот стандард, туку и кон заштита на животната средина преку намалена потрошувачка на електрична енергија.
Министерството останува достапно за сите дополнителни прашања, при што редовни информации за тековните активности се објавуваат на нашата веб-страница и преку отворени телефонски линии.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?
(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен
Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува
Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени
Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати
Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце
Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети





