РАКОВОДСТВОТО ВЕРУВА, РАКОВОДСТВОТО КУПУВА - со колку акции се стекнаа членовите на Управниот одбор на „Алкалоид“
Објавено во: Економија 08 Ноември, 2024 09:56
Фармацевтската компанија „Алкалоид“ денеска преку објава на ценовно чувсвителна информација на Македонската берза извести за помали сопственички промени, односно за купување акции од страна на членовите на Управниот одбор.
Кога членовите на управните одбори на одредени компании купуваат акции од компанијата со која управуваат, тоа значи дека тие веруваат во нејзиниот бизнис, и што е уште поважно, во перспективите на тоа акционерско друштво.
Па така, денеска Алкалоид извести дека Живко Мукаетов, Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, се стекнал со 331 обична акција издадена од АЛКАЛОИД АД Скопје.
Потоа, членот на Управниот одбор на компанијата, Ќире Ицев, купил 150 обични акции, членот на Управниот одбор Виктор Стојчевски, се стекнал со 200 обични акции, потоа членот на Управниот Одбор Ѓорѓи Јованов, се стекнал со 200 обични акции, додека, пак, членката на УО, Оливера Панева, се стекнала со 50 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје.
На последното берзанско тргување на редовниот пазар, односно вчера, една акција на „Алкалоид“ се продаваше по цена од 22.998 денари за акција, што беше раст за 2,28 отсто во однос на претходниот берзански ден.
Тоа би значело дека со кои се сгтекнале членовите на УО сега вредат на суми од 18.700 илјади евра, до 123.700 евра.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра
Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?
Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли
(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен
Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува
Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени





