17 Декември, 2025
0.0460

Која банка направи профит од 40 милиони евра за една година?

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2023 07:40

Добивај вести на Viber

Кредитирање на НЛБ Банка лани порасна за речиси 100 милиони евра, а нето приходите од камати и од провизии и надоместоци лани и донесоа 72 милиони евра. Во комбинација со намалените резервации, нето профитот достигна 39,6 милиони евра што е за 10 отсто подобро од 2021 година

НЛБ Банка ја има една од најдобрите години од своето деловно работење, покажуваат официјалните податоци за 2022 година објавени и достапни на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Нето добивката на банката изнесува 39,6 милиони евра и е комбинација од зголемени приходи и намалување на резервациите за ризични пласмани.

Ова е одлична вест за сите акционери и за потенцијалните инвеститори во акцијата на НЛБ Банка. Добивката за лани е за 3,5 милиони евра повисока од профитот остварен во 2021 година.

Еве ги деталите:

Нето приходите од камати, најголемата приходна ставка, надминаа 52 милиони евра. Во споредба со истиот период во 2021 година нејзините нето приходи од камати се повисоки за 3,4 милиони евра што претставува пораст од 9 отсто во споредба со претходната година.

Нето приходите од втората по големина приходна ставка, провизии и надоместоци, надминаа 20 милиони евра и се за безмалку 1 милион евра повисоки од истите во претходната година.

Дополнително на одличните приходни резултати каталозатор на раст на добивката беа и пониските резервации на банката. За 2022 година тие изнесуваат 4,8 милиони евра и тоа е безмалку на половина од износот на резервации издвоени истиот период лани.

Вреди да се истакне и тоа што банката лани има над 6 милиони евра приходи од курсни разлики што е за 2 милиони евра повеќе во однос на 2021 година. Од друга страна пак книжи пад на останатите приходи од дејноста кои изнесуваат нешто над 6,2 милиони евра или 5 милиони евра помалку од 2021 година.

Трошоците за вработените се најголема поединечна расходна ставка и лани достигнале 16 милиони евра. Важна вест е таа дека банката лани за своите вработени издвоила 1,4 милиони евра повеќе од 2021 година.

На страната на билансот на состојба важно е да се истакне дека кредитирањето е зголемено за речиси 100 милиони евра! Нивото на кредитни пласмани лани достигна 1,15 милијарди евра.

Намалување на вредноста бележат вложувањата во државни хартии од вредност. Тие на крај на 2022 година изнесуваат 266,6 милиони евра што е за 32 милиони евра помалку.

Вредноста на депозитите е речиси на 1,5 милијарди евра. Тоа е за 64 милиони евра подобро од претходната споредбена година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи