02 Јануари, 2025
0.0306

КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД - чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот

Објавено во: Економија 15 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Кратовски „Силекс“ го објави неревидирсаниот Биланс на успех за првиот квартал од годинава, а тој говори дека речиси сите ставки се намалени, но затоа добивката е во фантастичен пораст.

Или, за три месеци кратовскиот комбинат успеал да прокнижи нето профит од близу 400 илјади евра, или прецизно 380 илјади, што во однос на истиот период од минатата година е речиси тројно зголемување, односно за цели 192 проценти.

Како тоа му успеа на комбинатот чија основна дејност е рударството и вадењето на камен, од Билансот на успех може да се извлече заклучок дека иако и приходите се намалиле, поголемо снижување доживеале расходите, па така приливите се значајно повисоки од трошерњата, што создало добивка за три месеци која може да се смета и за повеќе од одлична.

Околу 4 милиони евра се оперативните приходи кои ги објавува „Силекс“ за првите три месеци од годинава, што значи дека таа сума е остварена од основната дејност на компанијата. Сепак, во однос на истиот период од минатата година овој кратовски комбинат покажува намалување на оперативните приходи за 10 проценти.

Основниот приход, односно приходите од продажбата се всушност целата приходна ставка и тие тежат 3,89 милиони евра, што е исто така намалување во однос на истиот период лани, и тоа за 8 проценти.

Од Билансот на успех се гледа дека „Силекс“ многу помалку приходи остварува од продажба на домашниот пазар, отколку во странство.

Па така, приливи од продажба на домашниот пазар се остварени на сума од 1,34 милиони евра, што е намалување од 7 проценти, додека, пак, од извозот на силексовите производи во странство дошле двојно повеќе пари, односно 2,64 милиони евра, иако и кај нив има намалување за 8 проценти во однос на истиот период од минатата година.

Оперативни расходи во првиот квартал од годинава кратовскиот комбинат направил на износ од 3,6 милиони евра, помалку од приходите, а што е уште поважно, има и значајно намалување во однос на расходите од истиот период лани, и тоа за дури 17 отсто.

Најголемиот трошок на комбинатот вообичаено бил оној за суровини и други материјали, за што се исплатени 2,45 милиони евра, а што во однос на истиот период лани е намалување за 20 проценти.

Она што е за пофалба, е дека е зголемен трошокот за плати на вработените, за кои се дадени 865 илјади евра, што е раст за 23 проценти во однос на првиот квартал од претходната година.  

Финансиските приходи и онака биле многу ниски но и значајно намалени во првите три месеци од годинава, додека, пак, финансиските расходи стигнале до 19 и пол илјади евра, што воопшто не е голема сума сама по себе, но има огромно зголемување од дури 420 проценти.

Сепак, сето ова прави „Силекс“ првиот квартал да го заврши со чист профит од 380 илјади евра, што е раст за 192 проценти во однос на истиот период од минатата година.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕКСТРАДИЦИЈА НА КРИПТО КРАЛОТ КВОН ДО: Црна Гора одлучи да го испорача на САД, Јужнокореецот направи измама од 40 милијарди долари

ЕКСТРАДИЦИЈА НА КРИПТО КРАЛОТ КВОН ДО: Црна Гора одлучи да го испорача на САД, Јужнокореецот направи измама од 40 милијарди долари

СРБИЈА НЕМА ДА БИДЕ ПОГОДЕНА СО СУСПЕНЗИЈАТА НА РУСКИОТ ГАС НИЗ УКРАИНА - српската министерка вели дека граѓаните не треба да се грижат

СРБИЈА НЕМА ДА БИДЕ ПОГОДЕНА СО СУСПЕНЗИЈАТА НА РУСКИОТ ГАС НИЗ УКРАИНА - српската министерка вели дека граѓаните не треба да се грижат

ВАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО СРБИЈА - исплатата на зголемените пензии почнува утре, а има и формула како да се пресмета покачувањето

ВАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО СРБИЈА - исплатата на зголемените пензии почнува утре, а има и формула како да се пресмета покачувањето

Народна банка: За 50 отсто зголемени плаќањата преку мобилен телефон

Народна банка: За 50 отсто зголемени плаќањата преку мобилен телефон

КОМПАНИЈА ОД МНОГУ МОЌНА ЕУ ЗЕМЈА ЌЕ ИНВЕСТИРА ОКОЛУ 350 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРОИЗВОДСТВО НА БАТЕРИИ: Мицкоски најавува бомбастична инвестиција

КОМПАНИЈА ОД МНОГУ МОЌНА ЕУ ЗЕМЈА ЌЕ ИНВЕСТИРА ОКОЛУ 350 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРОИЗВОДСТВО НА БАТЕРИИ: Мицкоски најавува бомбастична инвестиција

ДОАЃААТ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО 2025: Патувањето драстично се менува

ДОАЃААТ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО 2025: Патувањето драстично се менува

БЕХТЕЛ И ЕНКА, КОРИДОРИТЕ, АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД...На што ќе се работи годинава и кои патишта ќе бидат пуштени

БЕХТЕЛ И ЕНКА, КОРИДОРИТЕ, АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД...На што ќе се работи годинава и кои патишта ќе бидат пуштени

ПОЗНАТ МИЛИЈАРДЕР ПОЧИНА НА БИЗАРЕН НАЧИН: Компанијата чиј основач беше ги соопшти деталите

ПОЗНАТ МИЛИЈАРДЕР ПОЧИНА НА БИЗАРЕН НАЧИН: Компанијата чиј основач беше ги соопшти деталите

ОВАА КОМПАНИЈА БЕШЕ НАЈМОЌНАТА ВО ИСТОРИЈАТА НА ЧОВЕШТВОТО: Дали ја знаете?

ОВАА КОМПАНИЈА БЕШЕ НАЈМОЌНАТА ВО ИСТОРИЈАТА НА ЧОВЕШТВОТО: Дали ја знаете?