Koja e новата американска амбасадорка?
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2018 14:30
Кејт Мери Бирнс е номинирана за нов американски амбасадор во Македонија.
Таа од минатата година е заменик амбасадор во Атина. Оттаму ќе замине за Скопје.
Бирнс е дипломат од кариера со 24 годишен стаж, а претходно беше заменик шеф на мисијата на САД во ОБСЕ. Па додека беше во Виена често го пренесуваше ставот на САД во врска со аферата со прислушувањето, Пржинските преговори, формирањето и работата на Специјалното јавно обвинителство и менувањето на власта во земјава.
Во март лани, Бирнс го критикуваше претседателот Ѓорѓе Иванов кој првично одби да го даде мандатот за состав на Влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Претходно се шпекулираше дека на местото на Џес Бејли доаѓа американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји. Бејли функцијата амбасадор ја извршува од 2014 година.
Кејт Мари Брнс е предлогот на претседателот Доналд Трамп за нова амбасадорка на САД во Македонија, на местото на амбасадорот Џес Бејли. Номинацијата на Кејт Мари Брнс ќе треба да помине во американскиот Сенат.
Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




