27 Јули, 2024
0.0380

Која е врската меѓу DAIKIN и кафаната ПЕЛИСТЕР?

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Во центарот на Скопје, на самиот плоштад  е сместена култната кафана ПЕЛИСТЕР .Таа и денес преставува  место каде што луѓето од различни возрасти  и професии, не доаѓаат само на ручек, туку се среќаваат , одржуваат состаноци или едноставно даоѓаат да си поразговараат,  било тоа да е  за време на кафе , ручек или десерт. Градската кафана Пелистер  преставувала  и се уште е  синоним за  успех во угостителството, со долга традиција, во која и старите Скопјани  ја поминале  својата младост. За успехот на Пелистер,  кој секогаш држи до тоа да биде  свој и препознатлив,  лично е одговорен долгогодишниот менаџер и сопственик Бранислав Димитров –Бране. photo (1)„Во своето 35 годишно работење  во оваа дејност ,од кои  8 години  поминати  и  во Швајцарија ,научив една многу важна и клучна работа за мене, дека покрај добрата организација  и поставеност на работите, исто толку  многу важен елемент за успехот е квалитетот.  Kвалитетот е тоа  што треба во континуитет да им се нуди на гостите, без разлика дали се тоа наши сограѓани или пак туристи. Квалитетната храна и услуга, заедно со пријатниот амбиент се основните елементи што ја прават успешна приказната  за еден ваков угостителски објект“ вели Бране. Посебно во Скопје, кој е град со изгор лета и кочан зими неможе да се замисли угостителски објект кој се грижи за своите гости, а да нема квалитетна инсталација на климатски уреди. Во Пелистер, Бране тоа прашање го затворил уште на самиот почеток, затоа сега временските „неприлики“ за него се прилика за нови гости. „Посетеноста на нашиот објект е континуирана и лете и  зима. Тоа е можеби така, бидејќи ние бевме, меѓу првите  угостителски објекти кои поставија климатизери во ресторанот. Со зголемениот обем на посетеност и  работа на ресторанот, се зголемуваа и стандардите и критериумите на гостите. Забележав дека не е доволно само пријатна температура туку и свеж и чист воздух особено  летно време. Исто така забележав дека  гостите  попријатно и поудобно се чуствуваа внатре во објектот, отколку на терасата посебно во попладневните  часови, кога надвор температурите се повисоки. Тогаш сфатив  дека  суштински треба  да се  смени концепцијaта по тоа прашање  -   значи да се инсталира пософистициран  система за ладење и вентилирање, кој  е потребен 365 дена во годината“, раскажува Бране . 95_big Според долгогодишното искуство на сопственикот на Пелистер, успехот во работењето во угостителството оди паралелно со квалитетната инсталирата угостителска опрема и квалитетно понудената услуга. Токму и затоа во Пелистер се вградени најквалитетните италјански и германски брендови за професионални угостителски  апарати,  набавени се   најдобрите сервиси за ручање, како и се друго што како ентериер се наоѓа во ресторанот. „Како што кажав и на почетокот, за мене многу важен е квалитетот како еден од условите за успех. По истата таа логика пристапив и во изборот на системот  за греење,ладење  и вентилација  во објектот.Едноставно се заинтересирав повеќе во оваа работа и ги барав најдобрите:  -Кој се најдобри   во оваа област?. Ми го посочија  Јапонскиот бренд ДАИКИН и без расмислување,  се зафатив со негово имплементирање. На оваа одлука секако дополнително  влијаеше  и големата стручност и професионализмот кои ги добив од тимот инжињери од ИЦС ГРУП, застапници на овој  производител. Сето тоа ми влеа сигурност  во тоа што сакав  да го изреализирам“, вели Бране. VRV IV sliki12399930За да се обезбеди оптималност на инвестицијата, а притоа квалитетот на услугата да се задржи на високо ниво во ресторанот Пелистер кој е со вкупна површина од 450м2 и кујна од 80м2, како и  со капацитет од  180 места ,  инжињерите на ИЦС ГРУП  вградија  -  VRV топлотна пумпа. Топлотната пумпа е  со капацитет од 44кw, со која се овозможува ладење и греење на просторот , а со 55кw –на  пакетна единица се постигнува континуирано прочистување и освежување  на воздухот. photo (5)Научив дека вреди да се инвестира во квалитет, бидејќи инвестицијата се враќа и дури  излегува и поефтина. Со овој систем сум посебно задоволен бидејќи тоа  се високо енергетско-ефикасни  системи  и месечно вкупната сума за струја не поминува од 1000евра, а за пријатната атмосфера во ресторанот не треба многу да објаснувам, затоа што  секој сам може   да се увери во ова што го кажувам, кога  ќе не посети вели Бране. Ресторанот Пелистер вака опремен продолжува да гази напред, а Бране задоволно да се смешка затоа што неговиот ресторан заедно со ИЦС ГРУП понудија магија, создадоа амбиент со висок квалитет. Топлото и ладното во Пелистер е сведено на исклучително пријатно. А гостите, тие задоволни влегуваат и уште позадоволни си заминуваат.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри